Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц кој е во посета на Македонија, вели дека не зажалил за неговото учество на митингот на ВМРО – ДПМНЕ и смета дека е нормално да се поддржи сестринска партија за време на избори.

Курц денеска изјави дека Австрија  не сака да се меша во понатамошниот тек на настаните и додаде дека сега партиите треба да најдат излез од кризата.