Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кузмановска: Да не беше говорот на омраза немаше да се случи 27 април

0
By Нова ТВ on September 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Основниот суд Скопје 1 денеска продолжи сведочењето на дел од пратениците на СДСМ на судењето за настаните од 27 април.

Пратеничката Катерина Кузмановска сведочеше дека дента кога толпата влегла внатре во Собранието, експресно брзо се качила во прес центарот и покрај вербалните закани мавала со се што ќе и дојде при рака.

-Колегите пратеници не предупредија дека се можни инциденти. Ми беше чудно како толпата толку брзо се качи горе. Имаше двајца со црни маички и фантомки кои очигледно беше дека ја насочуваа толпата. Викаа, навредуваа, маваа со се што ќе им дојде при рака. И тогаш го видов раскрвавеното лице на Зоран Заев и крвави кошули. Видов како го тепаа Павле Богоевски. Двајца од насилниците видов како нападнаа двајца новинари кои снимаа со камера. Видов како ја кубат Радмила Шеќеринска. Слушав како викаа, фатете го шарениот, убијте го (Павле Богоевски) и фатете ја и полицајката (Фросина Ременски). Една повозрасна госпоѓа ме покри со телото и велеше оставете ја жената не и е добро. После слушнав како некој ме прашува дали ми е добро. Го препознав еден од собраниското обезбедување кој направи обрач и ми рече ќе ме засолни, сведочеше Кузмановска.

Опишувајќи по хронолошки ред што се случувало, Кузмановска кажа како заедно со собранискиот лекар се обидувале да им помогнат на сите повредени што доаѓале во собраниската амбуланта.

-По извесно време дојде Никола Тодоров и рече дека ќе се обиде да ја извади Радмила Шеќеринска, а по 15 минути ќе може да извади и друг. Потоа не качија во канцеларијата на пратеникот Ѓорчев. Го видов Тарчулчовски како разговара со двајца специјалци. Дојдоа и колеги пратеници од ВМРО. И само се гледавме. Само двајца, тројца не прашаа како сме. Мислев дека никогаш нема да излезам жива. Ако не беше тој гнев и говор на омраза претходно, ако не беа отворени вратите од Собранието и ако меѓу нас градевме поинакви односи тогаш мислам дека никогаш немаше да се случи 27 април, кажа Кузмановска.

Денеска претходно сведочеа пратеникот Енес Ибрахим и сега заменик министер за образование Петар Атанасов.

27.април Кузмановска сведочење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.