Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Атанасов за 27 април: Целта беше онеспособување и ликвидација на Заев

0
By Нова ТВ on September 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 13, 2018 14:33

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, сведочеше тогашниот пратеник, сега заменик министер за образование Петар Атанасов.

Тој меѓудругото кажа дека некои од пратениците од тогашниот состав со недели претходно им се заканувале на пратениците на СДСМ од говорницата, велејќи им дека народот ќе ги земе работите во свои раце.

-Најсугестивен во своите закани беше пратеникот Крсто Мускоски, а и најагресивно се однесуваше. Заканите кон нас беа со недели претходно, дека пред Собранието има илјада луѓе кои стојат на дистанца и за 20 минути се додаваат групи на луѓе кои ги гледавме во Собранието. Оваа приказна ми личи дека има поврзаност- кој наредувал, што треба да е случи. Кој е креатарот, јас не знам, рече Атанасов.

Тој сведочепе што видел за време на крвавиот четврток и според него, цела ситуација му наликувала како целта да била физичко онеспособвање на Зоран Заев, па дури и негова ликвидација.

-Влегоа во прес салата. Веднаш се забележа дека беа насочени кон Заев. Тој стоеше во средината на салата, јас бев од левата страна. Бев турнат, но успеав да се исправам и во тој момент беше повредена една од пратеничките. Се обидов да и помогнам, рече Атанасов.

На прашање на одбраната на обвинетиот Влатко Трајковски дали го препознава него дека му помогнал да ја изнесат повредена пратеничка, тој рече дека Трајковски личи на човекот кој вечерта го видел, но не може со сигурност да потврди бидејќи многу кратко го видел.

Рочиштето продолжува со сведочењата на Катерина Кузмановска и Хари Локвенец.

Претходно денеска сведочеше и пратеникот од Партијата  за движење на Турците, Енес Ибрахим кој во детали опишуваше што се случувало ноќта за време на крвавиот четрвток.

27.април Заев Петар Атанасов сведочење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.