Рутинска победа на Италија, тесен триумф на Шпанија и на БиХ во нивните воведни настапи во квалификациите за фудбалското Европско првенство во 2020 година. „Змаевите“ под водство на Роберт Просинечки ја совладаа Ерменија со 2:1 и истакнаа кандидатура за највисок пласман на табелата во групата Ј. Творци на победата на стадионот „Грбавица“ во Сараево беа Раде Круниќ во 33. минута и Дени Милошевиќ во 80. минута, единствениот за гостите беше дело на Хенрик Мкитарјан во судиското продолжение.
„Аѕурите“ во Удине ја оправдаа фаворитската улога против Финска и славеа со 2:0 со головите на Николо Барела во седмата минута и Моис Кин во 74. минута.
https://www.youtube.com/watch?v=hCOcSVw3rlY
Шпанија потешко од очекувањата ја победи Норвешка со 2:1. Стрелци за „црвената фурија“ на „Месталја“ во Валенсија беа Родриго во 16. минута и Серхио Рамос од пенал во 71. минута. Во меѓувреме најстрога казна беше досудена и во корист на Норвежаните што во гол ја претвори Џошуа Кинг во 65. минута.
Квалификации за Европско фудбалскио првенство во 2020 година
Група Д
Гибралтар – Р. Ирска 0:1
Грузија – Швајцарија 0:2
Група Ф
Шпанија – Норвешка 2:1
Шведска – Романија 2:1
Малта – Фарски Острови 2:1
Група Ј
Италија – Финска 2:0
БиХ – Ерменија 2:1
Лихтенштајн – Грција 0:2