НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лајчак: ЕУ и Балканот мора сериозно да го сфатат проширувањето

0
By Ана Василевска on May 9, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Мирослав Лајчак
Мирослав Лајчак
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во земјите од Југоисточна Европа поддршката за влез во ЕУ се намалува бидејќи жителите веруваат дека таа не сака да ги прифати, но има партнерски програми преку кои и овие земји можат да учествуваат во заеднички теми како што е „зелениот план“ и дигитализација, изјави Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ- и за Западен Балкан, во интервју за Хина.

Поминаа 20 години откако ЕУ и југоисточните земји по првпат во заедничка декларација изјавија дека „иднината на Балканот е во ЕУ“. Од тој состанок во Солун во 2003 година, само Хрватска стана членка во 2013 година.

„Мое лично мислење е дека Европа мораше да го „свари“ огромното проширување во 2004 и 2007 година. Тоа донесе многу позитивни ефекти но и елементи кои ја искомплицираа ЕУ, особено затоа што и е потешко да носи едногласни одлуки со 28, или сега со 27 земји, отколку кога ги имаше 15“, рече Лајчак, 60-годишен словачки дипломат.

„Некои земји отстапија од европските норми и вредности, што исто така генерира скептицизам кон натамошното проширување. Понатаму, објективно гледано, Европа се соочи со повеќе кризи кои не беа ниту планирани ниту очекувани, како што се финансиската криза, миграцијата и Брегзит. Сето ова го спушти проширувањето пониску на агендата. Јавното мислење во многу западноевропски земји не беше позитивно за отворањето на пазарот на труд за нови членки, па политичките лидери не сакаа да промовираат натамошно проширување“, додаде Лајчак.

Тој разговараше со Хина во Грција, каде што учествуваше на економскиот форум во Делфи. Токму под грчкото претседателство со ЕУ, пред две децении им вети членство на Црна Гора, Србија, Северна Македонија, Албанија и БиХ. Шестмесечното претседавање со ЕУ од 1 јули ќе го преземе Шпанија, која исто така го поддржува членството на овие земји.

„Земјите од Западен Балкан, за разлика од земјите од Централна Европа, сè уште имаат нерешени прашања од минатото кои продолжуваат да ги преокупираат. За мојата земја (Словачка) и остатокот од Централна Европа, интеграцијата во ЕУ беше апсолутен приоритет, така што бевме целосно посветени тоа да го постигнеме“, рече Лајчак.

Северна Македонија прво беше блокирана од Грција поради нејзиното име, а кога додаде „Северна“ на името, беше блокирана од Франција пред своите локални избори, а потоа од Бугарија, оспорувајќи го нејзиниот национален идентитет и јазик. ЕУ дури во 2022 година заеднички ги отвори преговори со Северна Македонија и Албанија, му посочи Хина на специјалниот претставник.

„Не сакам да зборувам за нечија вина, но имаше фактори и од страната на ЕУ и од балканската страна кои нас не доведоа до ситуација да зборуваме за иднината на ЕУ, но без напредок“, рече Лајчак.

„Но, сега, по руската агресија против Украина, гледаме дека и ЕУ и Балканот мора сериозно да го сфатат проширувањето. Ова не може да се постигне ако едната страна го сфати сериозно, а другата не“, додаде тој.

Во разговорот со Хина, Лајчак се осврна на напредокот кон ЕУ на Црна Гора, посочувајќи дека таа е најнапредна , но побара земјата помалку да се занимава сама со себе, а повеќе со европската агенда. За Србија беше посочено дека досега отворила 22 од 35 поглавја, но досега затворила само две. Во БиХ, која во декември минатата година доби статус на кандидат, ситуацијата останува компликувана.

Лајчак, пак, вели дека е „неблагодарно да се зборува“ за датумите на следното проширување на ЕУ.

„Но, она што би сакал да го видам е нашите партнери од Западен Балкан да почнат да учествуваат повеќе во програмите за партнерство на ЕУ. Да бидат во иста просторија. Не само кога разговараме за Западен Балкан, туку и да бидат дел од дискусијата за други теми, да видат дека сме сериозни со нив“, вели тој.

„Кога, на пример, ги прашуваме за мислење за Зелениот план, за дигитализацијата и другите области за кои разговараме, за да се навикнеме. Треба да ја освежиме методологијата, без да ја менуваме, не барам да менуваме повелби или документи затоа што тоа ќе не чини време. Но, во постојните структури мислам дека има простор што треба да го искористиме за да го доближиме Западен Балкан“, додаде тој.

Лајчак често патува во земјите од Југоисточна Европа и вели дека „не видел дека луѓето таму не сакаат да бидат дел од ЕУ“.

„Но, видов луѓе кои се плашат дека ЕУ не сака да ги види во своите редови. ЕУ дефинитивно има позитивен имиџ во регионот, но поддршката за европската интеграција паѓа, едноставно затоа што луѓето се плашат дека ЕУ е несериозна“, рече тој.

„Тоа мора да се промени. ЕУ мора повеќе да разговара со регионот како партнер, а помалку да му дава лекции“, додаде тој во интервјуто за Хина.

балкан ЕУ Југоисточна Европа Мирослав Лајчак
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.