Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Љајиќ: Ако не се постигне договор викендов, ќе има контрамерки

1
By Нова ТВ on March 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 2, 2018 12:29

Србија ќе воведе контрамерки против увозот на македонски производи доколку во текот на претстојниот викенд не биде постигната согласност околу новиот Правилник што нашата држава го воведе, а кој се однесува и на увозот на брашно од Србија.

– Имајќи предвид дека не дојдовме до одржливо решение и до предлог-спогодба, нема причина денеска да патуваме во Скопје. Договорено е во текот на викендот да ги продолжиме усогласувањата за да дојдеме до спогодба која на долгорочен и систематски начин ќе го реши проблемот со извозот на брашно од Србија во Македонија, изјави српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ, пренесува МИА.

Целта на овие преговори е, според Љајиќ, е во иднина да се избегнуваат ситуации во кои „секоја година имаме вонцарински бариери на извозот на српското брашно во Македонија“.

– Ова е веќе 13-ти пат во последните неколку години да се поставуваат бариери преку различни модалитети кои во голема мера им го отежнуваат на српските мелничари извозот на македонскиот пазар, истакна Љајиќ.

Македското Министерствот за земјоделство преку соопштение извести дека е одложена средбата на министрите Љајиќ и Љупчо Николовски што требаше да се одржи во Скопје.

-Разговорите меѓу двајцата министри продолжуваат и во следните денови со цел наоѓање заеднички решенија во врска со процедурите за контрола на квалитет при увозот на брашно во Република Македонија. Двајцата министри се одлучни и се поветени на изнаоѓање долгорочни решенија, во духот на започнатиот Берлински процес, кој води кон создавање на услови за заеднички пазар, се вели во соопштението. 

Правилникот што стапи во сила на 8 февруари предвидува контролни маркички на брашното да се ставаат по увезување на пратките и нивната контрола, а не пред да се реализира извозот во Македонија, предизвика реакции кај извозниците од Србија, а отиде до дотаму што деловната асоцијација на индустриски мелници, пекари и производители на тестенини „Житоунија“ од Нови Сад побара од министерот Љаиќ, српската влада да воведе реципрочни мерки за македонските производи што се увезуваат во Србија.

Од македонското Министерство објаснуваат дека измените се всушност усогласување на постојниот правилник за да се гарантира безбедност и квалитет на увозното брашно, како и да се гарантира дека брашното ќе се пушта во малопродажба откако ќе добие контролна маркичка. Односно се менува само распоредот на целата процедура за увоз на брашно од странски земји.

Новина е што контролните маркички ќе се издаваат откако ќе се добијат резултатите од анализите од земените мостри за квалитет и безбедност на увозното брашно.

Од Министерството исто така појаснуваат дека нема какви било дополнителни финансиските трошоци за увозниците, како што обвинија од Житоунија.

Според Законот за квалитет на земјоделски производи, „брашното може да се стави во промет ако е означено со контролна марка и ги исполнува условите за промет и за квалитет утврдени со овој закон“.

За српските производители, Македонија е трет извозен пазар на кој годишно пласираат 30.000 до 40.000 тони брашно.

брашно контрамерки правилник Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.