Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ламбе го отпеа последниот рефрен што ѝ остана на репертоарот на Македонија против безумните уцени на Бугарија

0
By Соња Крамарска on June 8, 2022 ВЕСТИ, КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога сите го очекуваа новиот хит за камбекот на музичката ѕвезда Ламбе Алабаковски, тој ја изненади публиката со сосема поинаков жанр. Го отпеа стариот хит на Здравко Чолиќ „Гори ватра“.

На сцената дојде со точак и со качулка, а си замина со лисици на рацете. Ја освои главната награда: Златна камера за видео надзор. Наградата очекувано му ја врачи министерот за надворешни работи Оливер Спасовски. Публиката не штедеше на аплаузи. Не за министерот, туку за изведувачот кој во новиот уметнички жаргон доби име „сторител“. Тоа му е новото уметничко име, а јавноста ќе го памти како А.Л.

Е тој А.Л. вчера ја турна публиката во делириум со неговиот хит „Гори ватра”. Овде завршува шегата, и почнуваме со посериозен тон.

Извесно е дека и оваа преговарачка рунда со Бугарија може да заврши со неуспех. Еуфоријата со која македонското граѓанство ја поздрави веста дека Ламбе микрофонот го заменил со канистер со бензин, јасно покажа какво е расположението за прифаќање на уцените од Бугарија. Останува уште да се произнесат политичките елити со завршен збор пред да се донесе „пресудата“.

Меѓутоа, како држава должни сме да посветиме внимание на уште неколку важни работи. Ламбе не прошол покрај бугарскиот клуб во Битола случајно и во налет на емоции фрлил чкорче за да го запали. Ламбе планирал, се маскирал, темпирал временски и политички тајминг, имал план за брзо бегство. Сето тоа укажува на уште многу неодговорени прашања кои заслужуваат македонската пејачка ѕвезда уште еднаш да „пропее“ за организацијата на настанот.

Сепак важно е да се каже и дека Ламбе со својата постапка не ги влоши дополнително македонско-бугарските односи туку само ја одигра главната ролја во епилогот на апсурдноста што ја наметна безумната бугарска политика кон Македонија. Затоа неговиот криминал не треба да се гледа само како таков, туку повеќе како политички одговор на една долготрајна агонија на која е изложена една мала балканска држава на својот пат кон европското семејство. И она што треба најмногу да ја засегне Европа па и целиот свет, политички одговор на востоличувањето на една негативна историска фигура и поданик на Хитлер, во јунак. Може Бугарија колку сака да биде цинична и духовита во опишувањето на говорот на омраза во Македонија, но Ванчо Михајлов е Ванчо Михајлов. Непобитен историски факт за еден лик од кој би требало европска Бугарија прва да се засрами и огради. Оттука, македонскиот народ не манифестира омраза спрема Бугарија, туку реакција на уцените и понижувањата на кои е изложен веќе подолго време од својот источен сосед. И време е веќе Бугарија тоа да го разбере.

Што се однесува, пак, до пошироката политичка клима овде во Македонија за договор со Бугарија, забележливо е дека сегашното раководство не е на нивото на подготвеност како во времето на спорот со Грција, кога барањата беа јасни а целите конкретни. Европа добро знае дека една проевропска и прозападна влада во Македонија веќе е жртвувана на олтарот на изневерените очекувања, и дека наследникот на Заев сега е значително попретпазлив. И политичкиот профил на играчите од двете страни на границата не е ист. Ковачевски и Петков ја немаат храброста на Заев и Ципрас. Ниту пак се подготвени да ги заложат своите политички кариери за поголема цел, како што тоа го направија Заев и Ципрас. Петков евидентно попушта пред силниот притисок на кој е изложен од националистичките кругови во Бугарија предводени од Радев, а за Ковачевски спорот станува споредно прашање и не покажува голема заинтересираност да преземе ризик за негово решавање.

Оттука, ако ЕУ сака да избегне несакан развој на настаните на Балканот, треба да и погледне на вистината во очи и да прифати дека Македонија е државата на која и е потребна гаранција во преговарачкиот процес, а не Бугарија која тоа го бара на сите ѕвона. И да ја исправи неправдата со изневерените очекувања за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Неизвесноста во преговарачкиот процес веќе зрачи зголемени дози на евроскептицизам, и прашање на време е кога македонскиот државен врв ќе го каже тоа што веќе долго време го мисли: Македонија ќе замине на подолга пауза од маратонот кон ЕУ, а Брисел нека телефонира кога ќе биде спремен за продолжување на процесот.

Соња Крамарска

Бугарија Ванчо Михајлов ЕУ ламбе алабаковски преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.