Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Лавови“задржете ги трите бода: Нацијата сака радост против Израел

0
By Нова ТВ on October 6, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија вечерва на „Филип Втори“ го игра вториот меч во кваллификациите за СП 2018. Нашата група Г го дава и дербито на континентот денеска – Италија е домаќин на Шпанија 

 

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го игра вториот меч во кваификациите за Светското првенство во 2018 година. На арената „Филип Втори“ (20,45 часот) гостува Израел, тим против кој се бара лек за раните од поразот во два чина од Албанија во Скадар.

14593206_1767040513559477_2123764598_n

Јавноста е во очекување на добра иггра на „црвно-жолтите“, публиката е желна да види борбеност, пожртвуваност, трчање за секоја топка и педа на теренот. И логично победа што би значела кревање на самодовербата пред неделниот празник на фудалот и доаѓањето на Италија во Скопје.

„Резултатите на двете репрезентации во последно време не се добри. Ние ќе дадеме максимум од нашите можности за поправање на впечатоко иако Израелците на хартија важат за фаворити. Се надевам дека ќе имаме добар ден, дека ќе прикажеме добра игра што ќе биде доволна за резултат што ќе ја израдува јавноста“, вели Игор Ангеловски, селектор на фудбалскатта репрезентација на Македонија.

Горан Пандев е самокритичен во најавите пред дуелот меѓуоа и оптимист дека Македонија може да се радува вечерва на националната арена.

„Не можеме да се пофалиме со резултати во последно време. Респект за Израелците, но ние немам многу избор. Мора да одиме на победа. Се надевам дека ќе успееме во тоа. Израел е фаворит. Има добри страни, но има и послаби. Анализирани се, добро работевме овие денови и верувам ќе ги искористиме шансите“, коментира Пандев.

Вечерашниот натпревар ќе биде четврти меѓу репрезентациите на Македонија и Израел. Израелците ги добија трите претходни, двапати се радуваа во квалификациите за ЕП 2008 со 2:1 и со 1:0 и во пријателски меч во Скопје во 2002 година со 3:2. Овие факти се само мотив плус за македонските репрезентативци за, конечно, прекинување на непријатната низа во судирите со денешниот противник.

Арена Филип Втори Горан Пандев Израел Македонска фудбалска репрезентација Светско првенство 2018
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.