Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лазар Еленовски е отповикан од амбасадата во Брисел

2
By Нова ТВ on October 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лазар Еленовски се отповикува од должноста амбасадор на Република Македонија во Белгија и во Луксемург. Оваа одлука со потпис на Претседателот Ѓорѓе Иванов е објавена денеска во „Службен весник“. Еленовски се враќа во Македонија, бидејќи му истекува неговиот мандат заклучно со 31 декември годинава.

Еленовски за амбасадор во Брисел беше назначен во јули 2012 година, како предлог на ДУИ. Тој пред  да стапи на оваа функција, беше министер за одбрана во Владата на Никола Груевски од 2006 до 2008 година од редовите на НСДП. Потоа Еленовски, заедно со Веле Митановски и Вера Рафајловска ја напуштија НСДП и ја формираа Социјалдемократската Унија. Лазар Еленовски беше избран на претседател, каде остана се до назначувањето на амбасадорската функција во Белгија.

14694748_10210262050643655_1136555829_n

Пред да замине за Брисел, кога ја презентираше својата програма на собраниската Комисија за надворешна политика, Еленовски проговори и на албански јазик за да го докаже своето мултиетничко потекло и да го оправда фактот што ДУИ го предложи за амбасадор во Брисел.

Во презентацијата на програмата, Еленовски вети дека за време на амбасадорскиот мандат ќе се залага за унапредување на пријателските односи и економските врски меѓу Македонија и Белгија, а ќе работи и на потребите со кои се соочуваат околу шест илјади македонски граѓани кои живеат во оваа земја.

muhamed-halili
Фото: Мухамед Халили

Претходно на позицијата амбасадор во Брисел беше поранешниот пратеник и министер Мухамед  Халили. Засега нема никакви информации кој ќе го замени Еленовски во амбасадата во Брисел.

амбасадор Белгија Брисел Лазар Еленовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.