Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лазаревски кој ја откри аферата сведочи во „Таргет Тврдина“

0
By Нова ТВ on November 6, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ѓорѓи Лазаревски, свиркачот кој заедно со колегата Звонко Костовски ја открија аферата со масовното прислушување во УБК, денеска сведочи во Кривичниот суд на рочиштето за “Таргет -Тврдина”.

На прашање на обвинителот Трајче Пеливанов, Лазревски рече дека во МВР работел од 1987 година, и тоа во Секторот за информативна техника и првото унапредување го добил во времето на Јордан Мијалков, каде подоцна станал  и раководител.

– Во 2006 година бев деградиран од овде присутниот тогашен директор на УБК, Сашо Мијалков, рече сведокот Лазаревски.

Објасни дека примал наредби од неформалниот раководител Горан Грујоски, со кого немал нормални односи, а имал жесток мобинг уште од првиот ден на доаѓањето на функција. Груевски, посочи сведокот, му кажал да не се појавува пред Мијалков и да разговара со него за раководното место, бидејќи бил неподобен, а директен претпоставен му бил Небојша Стајковиќ.

Сведокот Ѓорѓи Лазаревски е еден од обвинетите во случајот „Пуч“.

Пред судот, Лазаревски објасни дека од неговото разрешување од 2006 година постоел систем за следење на комуникациите од Израел, наречен „вернит“, а претходноиот систем бил од 1999 година. Во Петтата управа во 2006 по неговото разрешување процедурата за слушање била преку изготвен документ на оперативец се вклучувало снимањето во системот на сомнителни лица.

Прашан дали имал прилика да знае што се се следи со системот „вернит“, Лазаревски рече дека првата година не го погледнувал системот, но потоа добил индикации дека самоконтролата кај колегите е пропуштена и сакал да види како да дознае што има во системот, бидејќи се наоѓал во иста канцеларија и успеал во тоа.

Во „Таргет-Тврдина“ обвинети се и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Сашо Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.

Ѓорѓи Лазаревски прислушување сведок Таргет-Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.