НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лажната вест за ковид-19 убива – точното информирање спасува живот

0
By НОВА ТВ on July 7, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во период кога надежите за победа над вирусот зависат од вакцината, Светската здравствена организација предупредува дека феноменот на лажни вести може да го загрози спроведувањето на програмата за вакцинација, пренесува француската новинска агенција АФП.

-Коронавирусот е прва пандемија во историјата во која технологијата и социјалните медиуми се масовно користени, со цел луѓето да бидат безбедни, информирани, продуктивни и поврзани, соопшти СЗО.

Но, „ковид-19“ истовремено го менува и начинот на функционирање на медиумите и примањето информации во светот кој се соочува со уште една, паралелна пандемија од дезинформации, односно т.н. инфодемија. СЗО се обидува да се бори против дезинформациите и со помош на Гугл, со цел сите заинтересирани да добиваат проверени информации од прва рака. Социјалните платформи како Фејсбук, Твитер и ТикТок исто така преземаат чекори за ограничување на дезинформациите и шпекулациите. Невообичаено, СЗО дури и посебна интернет-страница на која се „разбиваат митовите“ за коронавирусот.

-Лажните информации се шират побрзо од вирусот, предупреди менаџерот за дигитални работни решенија на СЗО, Ендрју Патисон.

Поплава од информации и дезинформации е тоа што го прави коронавирусот различен од САРС, МЕРС, зика, ебола и други слични епидемии. Теорија на заговор дека вирусите се биолошко оружје имало и порано, со ХИВ, ебола, зика, но ширењето лажни вести и непроверени информации околу новиот коронавирус ги надмина сите очекувања. Епидемијата донесе и нови тврдења, како на пример дека дека се лекува со лук, витамин Ц или избелувач за облека.

Во Јужна Кореја, пак, дел од граѓаните веруваат дека најсигурна заштита од вирусот е засилената конзумација на „Кимчи“ – национално јадење кое содржи и лук. Реагираше и тамошното Министерство за здравство, кое информира дека оваа национална храна не е адекватна превентива од коронавирусот, а ваквите примери ширум светот се безброј.

Покрај проблемите со организирање на ваквата масовна вакцинација, сега владите мораат да се справат и со распространетите сомнежи за вакцината, во време кога социјалните медиуми се алатка и за информирање, но и за дезинформирање. Студија спроведена од американскиот универзитет Корнел покажа дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп е еден од најголемите иницијатори во светот за дезинформации за Ковид-19 за време на пандемијата, наведувајќи го примерот со „пиење“ на дезинфекциони средства и избелувачи.

СЗО предупредува дека без доверба во точните информации, вакцинацијата нема да ја постигне својата цел, а вирусот ќе продолжи да се шири.

Меѓу побизарните тврдења на теоретичарите на заговор е дека новиот коронавирус претставува измама или е дел од план на лица како милијардерот Бил Гејтс за контролирање на човештвото, а вакцинацијата е покритие за вградување микрочипови, пишува АФП. Сепак, според експертите, дел од причините зошто постојано расте бројката на лажни вести поврзани со коронавирусот е во се поголемата недоверба во институцииите.

Податоците од повеќе истражувања покажуваат дека иако има голем дел од популацијата кои сакаат веднаш да се вакцинираат и многу помала група што категорично се спротивставува на вакцинирање, има значаен дел на граѓани во средина кои се неодлучни, но можат да бидат мотивирани да се вакцинираат. За да ја зајакнат мотивацијата, кампања на властите во Лондон вклучи низа инфографици и пораки на социјалните медиуми, за да се објасни безбедноста на вакцините ковид-19.

Преку платформите се споделуваат пораки кои се одговор на неоснованата загриженост за брзината со која се развиле вакцините, со објаснување дека брзината се должи досега невидената научна соработка, финансирање и волонтери низ целиот светот. Вакцините се сепак овластени за употреба дури откако ќе ги поминат филтрите на регулаторниот процес, вклучувајќи проценка на безбедноста и ефикасноста од клиничките испитувања во фаза III, па дури тогаш Стратешката советодавна група на експерти за имунизација на СЗО издава препораки за користење на вакцините.

 

вакцинација Инфодемија лажни вести Пандемија СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.