Маслото од канабис мора да биде достапно до сите оние граѓани на кои навистина им е потребно, исто како што и канабисот за рекреативна употреба мора биде декриминализиран, велат од ЛДП. Поради тоа Либерално Демократската партија преку пратениците во Сообранието ќе достави предлог до новата Влада за носење на ново законско решение за легализација на канабисот за медицинска употреба и декриминализација за лична употреба.
„Предлог законот ќе биде усогласен со потребите на сите засегнати страни и во соработка со граѓанскиот сектор. Зголемената понуда на масло од канабис на црниот пазар е доволен факт дека актуелното законско решение се покажа како неуспешно“, велат од ЛДП.