Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛДП:Повлекување на аболицијата и оставка на Иванов

0
By Нова ТВ on May 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Целосно повлекување на аболицијата и оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата претседател на Република Македонија, се главните заклучоци на Централниот одбор на Либерално-демократската партија, по синоќешниот состанок на кој се анализираше актуелната политичка состојба во државата, соопштуваат од партијата.

„Масовната аболиција од 12 април, а сега и селективната аболиција, потпишана од  Иванов ја втурна Република Македонија во уште потешка и подраматична политичка, економска и морална криза. Селективните аболиции на политичари се несвојствени за демократските општества и длабоко ја погазуваат правната држава и принципите на владеење на правото.

Оттаму, Централниот одбор на партијата смета дека поделбата на граѓаните, на тие за кои важи селективната правда и на оние за кои не важи правдата е недопустливо и надвор од разумот“, се вели во соопштението.

Централниот одбор на ЛДП дава недвосмислена и отворена поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство, со јасна порака, секој од отворените процеси и оние што допрва ќе следат да се процесуираат со судска разрешница.

Од ЛДП  апелираат до сите општествени чинители во државата и меѓународниот фактор, што поскоро да се формира и Специјален суд, што ќе овозможи и правна разрешница на политичката криза.

ЛДП ги осудува заканите и притворите на граѓанските активисти и дава целосна поддршка на протестите на „Шарената револуција“,  со повик за омасовување, со цел да му се  стави до знаење на Никола Груевски и на фамилијата дека не можат да владеат без поддршка на граѓаните.

аболиција ЛДП оставка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.