Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарската комора прослави 30 години постоење

0
By НОВА ТВ Balaban on June 8, 2022 ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 8, 2022 14:32

Лекарската комора на Република Македонија се издигна во почитувана, независна професионална организација, етаблирана на домашен и меѓународен план, со свои јасни цели и јасна програма во рамки на промоција на правата на лекарите и унапредување на здравствениот систем, оценија говорниците на свечениот настан што синоќа во Скопје го организираше Лекарската комора, по повод одбележување на 30-годишниот јубилеј од нејзиното постоење.

Процесот за воспоставување на Лекарската комора почнува во 1991 година, кога во Македонското лекарско друштво е покрената иницијатива за формирање на Лекарска комора, како здружение кое ќе се бори за правата на лекарската професија и паралелно за заштита на пациентите. Целиот процес за формирање се заокружува на 5 јуни 1992 година кога се одржува основачкото Собрание во просториите на Воената болница во Скопје, соопштија од Лекарската комора.

Претседателот на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова истакна дека Комората одговорила на целта за која е формирана.

– Проф. д-р Јован Тофоски, еден од иницијаторите за формирање на Комората на основачкото Собрание рече „се водеше вистинска битка идејата да се озакони”, а претседателот Глигоров изрази надеж дека “Лекарската комора ќе го најде своето место во новото граѓанско општество и нејзиното формирање е еден од влоговите за создавањето на новата структура на нашето општество во кое секој човек и преку својата професија ќе си го најде своето место и ќе се создаде тој сложен мозаик на едно демократско општество”. Триесет години подоцна со гордост и со голема чест може да кажеме дека битката вредеше, дека влогот се исплатеше, бидејќи Лекарската комора прерасна во почитувана, самостојна и независна професионална организација, која е етаблирана на домашен и меѓународен план со свои јасни цели и јасна програма во рамки на промоција на правата на лекарите и унапредување на здравствениот систем. Направено е многу за релативно краток период, ако се земе предвид дека период од 30 години и не е толку многу време кога станува збор за воспоставување на институција, истакна проф. д-р Гривчева Старделова.

Првиот претседател на Комората, проф. д-р Алексеј Дума, рече дека идејата за формирање на Лекарска комора како еснафско здружение не била прифатена од социјалистичката власт и затоа и не бил лесен процесот на нејзино воспоставување.

– Многу беше тешко да докажеме дека професионалното достоинство и професионалноста нема врска со политиката и политичките интереси и дека интересите на докторите се и интереси на пациентите и борбата за нивното здравје. Комората почна да функционира во темната комора на Институтот за судска медицина, што ја користевме за развивање на фотографии, во само шест квадратни метри, а во почетокот ја финансираа членовите на Извршниот одбор. Се радувам што денеска дојдовме до тука, истакна проф. д-р Дума, потенцирајќи дека лекарите во текот на пандемијата со Ковид-19 покажаа дека се доследни на Хипократовата заклетва и дека ќе направат сè за пациентите, па макар и на лична штета.

На настанот беше доделено и највисокото признание на Комората, Плакета „Св. Наум Охридски“ која ја доби д-р Весна Марковска, педијатар од Берово. Плакета за најдобар научен труд доби трудот „Медикаментозно лекување на Ковид-19: актуелни сознанија и важечки препораки“, на авторите д-р Миле Босилковски, д-р Марија Димзова, д-р Костадин Попоски, д-р Ане Петрушевска, д-р Маја Марковска Илиевска и д-р Александар Дервишов. Посебна награда „Примариус д-р Димитар Ивановски“ добија тројцата студенти со најдобар просек од трите медицински факултети во Скопје, Тетово и Штип, Стефан Неделковски, Елизабета Митева и Дрилон Мифтари. Лекарската комора додели и плакети и признанија во знак на добра соработка на медицинските факултети, другите еснафски комори, фармацевските компании и на новинари, кои подолг временски период известуваат за теми поврзани со здравство и здравствени политики.

Благодарница за успешна соработка со ЛКМ и за објективното и навремено информирање доби и новинарката на НоваТВ, Љубица Балабан.

Јубилејна награда – уметничка слика им беше врачена на тројцата поранешни претседатели на Комората, проф. д-р Алексеј Дума, проф.д-р Владимира Борозанов и проф. д-р Кочо Чакалароски. По повод јубилејот вчера беше промовирана и монографија „Кратка историја на Лекарската комора на РСМ“, чиј автор е Јосиф Џочков.

Министерот за здравство д-р Беким Сали истакна дека трудот на лекарите треба да биде соодветно вреднуван и вети продолжување на трендот на зголемување на платите.

– Почнуваме и нов проект кој предвидува вработување веднаш за 50 студенти од трите медицински факултети кои ќе ги завршат студиите со најдобар просек. Ќе се унапреди стручното усовршување, се работи на подобрување на безбедноста на работното место. Лекарската комора е наш партнер и нејзиниот придонес е од непроценливо значење, истакна д-р Сали.

30 години Лекарската комора Постоење прослави
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.