Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лековите доцнат поради политички игри во Советот за јавни набавки

0
By Нова ТВ on September 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Набавка на лекови доцни поради проблеми во Советот за јавни набавки, а не во Министерството за здравство, изјави денеска министерот Арбен Таравари.

– Има еден Совет за јавни набавки кој е комплетно политизиран. Фирми кои добивале и поминувале низ тој Совет пред шест месеци, сега кога конкурираат за да направат проблем, не спречуваат и затоа се јавуваат проблеми со лековите, рече Таравари.

Појасни дека иста фирма конкурирала со исти стандарди пред шест месеци и немало проблем, а сега истата фирма со истите стандарди кога конкурира има проблем пред Советот за јавни набавки.

Информира дека е побарано од премиерот да изнајде решение да се прекине таа пречка.

– Секаде каде што требало сме направиле интервентен увоз но тоа чини многу повеќе. Би сакал да знае целата македонска јавност сите тие проблеми што се јавуваат со лековите не е дека не потпишува министерот или тимот во Минситерството за здравство, туку целиот проблем е во Советот. Не знам зошто прават проблеми и дали се по нарачка, рече министерот за здравство.

Таравари истакна  и дека во земјава досега биле внесувани лекови од фирми без сертификати. Притоа рече дека неговиот тим работи на промена на законот за лекови и медицински средства со кои ќе се регулира внесувањето на лековите во државата, односно право на продажба на лекови во Македнија ќе имаат само сертифицирани фирми.

Министерот за здравство, кој сега е кандидат за градоначалник на Гостивар на денешната прес конференција за оствареното во првите 100 дена Влада, како еден од поважните проекти започнати во првите 100 дена, го истакна предлог – законот за здравствено осигурување, со кој се предвидува ослободување од партиципација на лицата кои користат социјална парична помош. Се работи за група од 4.000 до 6.000 лица.

Во првите три месеци, Министерството за здравство започна повеќе проекти кои останаа недовршени, како проектот за трансплантација  на органи, изработка на акциски план против хепатит, отварање на Центар против аутизам и предлог за имена на Законот за заштита, кој е во договор со сите здравствени здруженија и лекарски комори.

Таравари рече дека поради кампањата која започнува в понеделник, ќе земе одмор и не ќе може да се занимава со реформите во здравството.

-Јас нема да можам да работам на овие проекти, но тука ќе биде мојата екипа која ќе продолжи со истото темпо како и во првите 100 дена, тука е заменикот министер, секретарот кои ќе ги водат овие проекти и не се сомневам дека ќе ги истуркаат до крај, рече Таравари.

набавка на лекови Совет за јавни набавки Таравари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.