Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Левица: Мицкоски ја направи Македонија зависна од брзи кредити – задолжени 333 милиони евра за 71 ден, повеќе од 3 милијарди за две години

0
By Zoran Ivanov on August 6, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 6, 2026 15:34

За само 71 ден, ДПМНЕ отвори четири нови должнички фронтови во вкупна вредност од 333 милиони евра. На 26 мај, парламентарното мнозинство изгласа задолжување од 260 милиони евра кај странски банки; во јули Владата извлече седум милиони евра од М-НАВ за да ја крпи ликвидноста на ЈП за државни патишта; на 29 јули се одлучи на заем од 25 милиони евра кај Светска банка, а на домашниот пазар издаде тригодишни и петнаесетгодишни обврзници од над 41 милион евра, со камати до 5,20%. Тоа е темпо од 4,7 милиони евра дневно и по еден нов должнички потег на секои осумнаесет дена, додека следната аукција веќе е најавена за 18 август. Македонија со Мицкоски функционира како зависник од брзи кредити – уште не е исушено мастилото од претходното задолжување, а државната рака веќе е испружена кон следниот доверител, пишуваат од партијата Левица.

Должничката сметка за две години мандат веќе надмина три милијарди евра кредитни операции. Започна со една милијарда евра унгарски кредит, издаде еврообврзница од една милијарда евра, зема уште 260 милиони од странски банки, ја отвори заемската компонента од Планот за раст, натрупа проектни кредити и гаранции и продолжи со домашни емисии. Во оваа сума воопшто не е пресметана британската рамка од до пет милијарди фунти. Мицкоски ја претвори Македонија во експериментален полигон за кредитори, унгарски банки, меѓународни фондови, домашни обврзници и државни компании – секој добива парче од идните буџети на граѓаните.

Цената на оваа кредитна зависност веќе се наплаќа секоја секунда. Само во 2026 година државата ќе исплати 346 милиони евра за камати, речиси 948 илјади евра дневно, 39.500 евра на час, 658 евра во минута и околу 11 евра во секоја секунда. Ако едно ново училиште чини околу три милиони евра, само годишната камата е еднаква на 115 нови училишта, додека последните 333 милиони евра одговараат на уште 111 такви објекти. Каматите се речиси седум пати поголеми од целата програма од околу 50 милиони евра за реконструкција на државните студентски домови. Додека родителите молат за место во градинка, учениците седат во дотраени училници, студентите живеат во распаднати домови, а болниците собираат донации за основна опрема, доверителите на Мицкоски секој ден инкасираат речиси еден милион евра.

Владата ја нарекува оваа состојба “буџет во добра кондиција“, додека врши финансиска рација и по сите државни каси во кои останала готовина. Јавниот долг од 8,87 милијарди евра при преземањето на власта стигна до околу 10,73 милијарди – раст од 1,86 милијарди евра или речиси 21%. Тоа е просечно зголемување од околу 2,5 милиони евра дневно, додека годинава доспеваат уште 1,56 милијарди евра главнина и камати.

Левица бара итно објавување на единствен и целосно проверлив регистар на сите задолжувања, обврзници, гаранции и позајмици со износот, каматата, провизиите, рокот, грејс-периодот, конечната цена и точната намена на секое евро, како и договорите кои сѐ уште се држат во тајност. Народот има право да знае колку од новите кредити создале нови болници, училишта, градинки и работни места, а колку завршиле во затворање стари дупки, предизборно пумпање на неспособните вмровски градоначалници и купување политички мир. ДПМНЕ ги троши парите во еден мандат, ги растегнува ратите до 2041 година и на секое македонско семејство му остава невидлива фактура. Мицкоски ќе ја напушти функцијата, а неговите камати ќе останат да живеат со народот“, соопшти партијата Левица.

 

ДПМ задолжи Левица Мицкоски не
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.