Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во најниска цена во регионот

0
By Zoran Ivanov on July 28, 2026 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 28, 2026 10:32

Во 2022 година, Мицкоски тврдеше дека поскапувањето на парното е пљачка на граѓаните, дека е последица на лоповлук и дека семејствата ќе плаќаат и до 120 евра повеќе годишно. Денес, кога Мицкоски е премиер, за само осум месеци им приреди на скопјани две последователни поскапувања – 5,9% од декември 2025 година и нови 5,96% од август 2026 година, односно кумулативно зголемување од приближно 12,2%, обвинија од Левица.

Додека беше во опозиција, поскапувањето беше грабеж. Откако седна во премиерската фотелја, грабежот доби ново име: „минимална корекција“ и „најниска цена во регионот“. Очигледно, според енергетската доктрина на премиерот „енергетичар“, цената не зависи од трошоците и животниот стандард, туку од тоа кој ја контролира Владата. Кога сметките на граѓаните ги покачува ДПМНЕ, дури и тоа се обидуваат да го прикажат како е успех.

Од декември, просечната сметка беше зголемена за околу 130 денари. Од август следува ново зголемување од околу 140 денари за стан од 60 квадратни метри. Наместо да го спречи вториот удар врз семејните буџети, РКЕ под раководство на Ацо Ристов (бизнис пријателот и сопартијец на Мицкоски) го прогласува за минимално поскапување, како граѓаните да треба да бидат благодарни“, велат од партијата.

Според Левица, посебно навредлива е тезата дека Скопје имало поевтино парно од Белград, Љубљана, Софија или Сараево.

Македонскиот работник не зема љубљанска плата, не располага со белградски семеен буџет и не живее со софиски приходи. Платите на македонскиот работник се најмизерни во Европа! Тој живее во Македонија, каде што храната, домувањето, струјата, водата и греењето секој месец одземаат сè поголем дел од платата, велат од Левица.

Од партијата наведуваат дека уште поскандалозно е што голем број домаќинства и понатаму ја плаќаат топлинската енергија преку распределба според квадратура, наместо според реалната потрошувачка во секој стан.

Левица бара Владата и РКЕ да ја објават целосната пресметка на новата цена – колку изнесуваат реалните трошоци, колку се признати трошоци според тарифната методологија и колкав е регулираниот приход; Владата да воведе автоматски механизам за заштита на домаќинствата со ниски приходи; Да објаснат зошто илјадници домаќинства и понатаму плаќаат според квадратура, наместо според реално измерена потрошувачка и да објават јасен план со рокови за воведување индивидуално мерење или распределувачи на топлина каде што тоа е технички возможно, за секој да плаќа според реалната потрошувачка, а не според квадратура како што бара Енергетската заедница.

 

 

Левица Мицкоски парното
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.