Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Левица: Вмровските градоначалници ја преспаа превенцијата – епидемијата е доказ за нивната неодговорност и неспособност

0
By Zoran Ivanov on August 13, 2026 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 13, 2026 14:11

Епидемијата од западнонилска треска во скопските општини е уште еден печат на неспособноста, неодговорноста и неажурноста на вмровската власт која имаше цела пролет и половина лето да го пресретне ризикот. Комарците не се појавија преку ноќ, сезоната не беше изненадување, а западнонилскиот вирус не е нова и непозната закана. Сепак, ДПМНЕ и вмровските градоначалници успеаја една од најпредвидливите сезонски опасности да ја дочекаат со задоцнета дезинсекција и никаква превенција.

Со години недостасува целосен ентомолошки надзор кој би служел како аларм пред вирусот да стигне до луѓето. Наместо да се чекаат заболени, се поставуваат стапици и систематски се следи бројноста на комарците, особено Culex – главниот преносител на западнонилскиот вирус. Уловените комарци се тестираат за да се утврди дали го носат вирусот, се мапираат местата каде нивната бројност расте, а со сентинелен надзор може дополнително да се следи дали вирусот веќе циркулира на одредена територија. Така институциите добиваат предупредување пред заразените граѓани да станат индикатор дека нешто тргнало наопаку. Но, и ДПМНЕ не се осмелува да расипе некој криминален дил за да се набави ваков нужен вид на превенција.

Дали воопшто знаеме дека прскањето што со години го плаќаме функционира? Никогаш не се мерело. Успешноста на дезинсекцијата не се докажува со тоа што авион прелетал над Скопје. Треба да се измери колку комарци од различните видови имало непосредно пред третманот, колку останале потоа и колкав процент од популацијата навистина е редуциран. Таков резултат не се бара ни како доказ за ефикасност во тендерската спецификација. Со други зборови, се плаќа средството и неговото распрскување, но не и докажан резултат од употребата. Дополнително, со години се користат исти активни материи – делтаметрин за третирање на возрасните комарци и BTI за ларвите, а повторуваната употреба отвора потреба да се проверува дали популацијата развила отпорност.

Посебно мора да се отвори и прашањето колку брзо се реагирало по секој потврден случај. Град Скопје и надлежните институции треба јавно, случај по случај, да ги објават датумот на потврдената дијагноза, датумот кога е дадена епидемиолошка индикација и датумот кога е извршена фокална дезинсекција во конкретната населба. Само така може да се види дали поминале часови, денови или недозволиво долг период додека вирусот веќе циркулирал. Ако Орце Ѓорѓиевски и Град Скопје сметаат дека системот функционирал беспрекорно, тогаш овие податоци треба да бидат најлесното нешто што можат да го стават пред јавноста.

Дополнителен скандал е што уште од 2022 година над скопската дезинсекција виси неодговорено прашање за Aqua K-Othrine. Тогаш самиот Bayer, производителот на препаратот, во писмен одговор посочи дека производот е одобрен за надворешна употреба во Македонија, но не и за апликација од авион или хеликоптер. И покрај тоа, препаратот со години се набавува за скопската дезинсекција преку „Приматекс Бранка“, а случајот повторно беше актуелизиран и во април годинава.

Затоа Орце Ѓорѓиевски и Град Скопје нека одговорат: со кој препарат годинава се врши авионската дезинсекција, под кој број е регистриран, што точно дозволува важечкото одобрение и врз основа на која документација е дозволена неговата апликација од воздух?

А врвот на политичката безобразност го испорача Сашо Клековски, кој среде вакви институционални пропусти најде простор да им објаснува на граѓаните дека треба да бидат поодговорни. Кога властите доцнат со превенцијата, последното нешто што функционер на ДПМНЕ има морално право да го прави е да ја распределува вината кон населението. ДПМНЕ не може сопствената неажурност да ја претвори во лекција за туѓа одговорност. Кога системот ќе потфрли, а функционерите ќе почнат да го караат народот тоа е врв на ароганција на власт која за себе ги задржува функциите и буџетите, а последиците и вината им ги остава на граѓаните.

 

градоначалници дпмне епидемија Левица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.