Политичката партија Левица поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за распишување на референдум донесена од Собранието на Република Македонија. Левица бара Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум, а доколку одлуката ја донесе по референдумот, тогаш да ги поништи резултатите.
Апасиев вели дека одлуката на Собранието ги нема сите потребни елементи, што по Законот за референдум треба да ги има.
„Одлуката нема образложение и го нема целиот назив за актот по којшто се гласа, туку е даден само скратен назив на актот, не е предвидено гласање на одделни гласачки ливчиња и не наведен видот на рефрендумот – дали станува збор за претходен или за дополнителен референдум и дали станува збор за факултативен или за задолжителен референдум.
За Левица спорно е и референдумското прашање, на кое според Димитар Аспасиев има осум можни одговори, а законот дава можност само за два.