Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Левица предлага изолација на ВМРО-ДПМНЕ од било која наредна влада

0
By Нова ТВ on October 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 25, 2016 13:22

Било која партија што ќе освои доволно гласови на предвремените парламентарни избори, да не коалицира со ВМРО-ДПМНЕ и ниедна партија да не признае влада која во составот ќе ја има и партијата на Никола Груевски.

Ова е идејата на партијата Левица која предлага формирање експлицитен кордон околу ВМРО-ДПМНЕ за изолација на партијата, бидејќи, како што велат, таа е креатор на политиките 10 години и само ја упропастува Македонија.

Здравко Савески од Левица денеска  изјави дека ако ВМРО-ДПМНЕ освои уште еден мандат, партијата ќе и зарие конечен нож на Македонија и ќе ја уништи земјата.

– Потребно е сите опозициски партии, вклучително и партиите од Албанскиот блок да кажат експлицитно на јавноста и да потпишат заеднички меморандум, дека нема да учествуваат во влада во која учествува ВМРО-ДПМНЕ и нема да поддржат влада во која учествува ВМРО-ДПМНЕ. На таков начин, не само јавноста ќе има потранспарентна слика за позициите на сите политички партии учесници на изборите, туку и меѓународниот фактор ќе биде дестимулиран да прави некои постизборни комбинации кои ќе ја вклучат онаа партија која зад себе има оставено крупен криминал во оваа земја, рече Савески.

Тој потврди дека новоформираната партија ќе излезе самостојно на изборите, и како што вели Савески тоа нема да ги раситни гласовите, бидејќи имало голем број на граѓани кои се незадоволни од досегашната понуда од постоечките партии.

ВМРО-ДПМНЕ Левица предвремени избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

ВЕСТИ May 11, 2026

Барел сурова нафта од типот Брент поскапе за околу 4% откако надежите за мирно решавање…

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.