Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

0
By Zoran Ivanov on December 19, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефовите на држави или влади на членките на ЕУ во рамки на вчеразапочнатиот Самит рано изутринава постигнаа договор за начинот на финансирање на Украина за 2026 и 2027 година преку кредит за кој средства ќе бидат обезбедени врз основа на задолжување на Унијата на пазарите на капитал, поддржано од нејзиниот долгорочен буџет.

Имаме договор. Одлуката за обезбедување поддршка од 90 милијарди евра за Украина за 2026-27 година е одобрена. Се обврзавме, исполнивме – наведе претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во објава на Икс нешто пред 3 часот.

Со договорот се предвидува Украина да го врати кредитот, дури откако Русија ќе и исплати репарации за предизвиканите штети за време на инвазијата, додека во исто време ЕУ го задржува правото на користење на замрзнатите руски средства за финансирање на заемот.

Дополнително, со договорот лидерите ѝ даваат мандат на Комисијата „да продолжи да работи на заемот за репарација врз основа на замрзнатите руски средства“.

За да се избегне евентуална блокада од Словачка, Унгарија или Чешка, кои изразуваат противење на дополнително задолжување на ЕУ, со договорот се предвидува дека „секое мобилизирање на ресурси од буџетот на Унијата како гаранција за овој заем, нема да има влијание врз финансиските обврски“ на трите земји.

Бриселските медиуми веќе оценија дека овој договор претставува пораз за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и германскиот канцелар Фридрих Мерц, кои беа најжестоки приврзаници на планот за т.н. заем за репарации за Украина, за чија исплата би биле користени замрзнатите руски средства во ЕУ.

На прес-конференцијата по завршувањето на Самитот, Кошта изјави дека целта на ЕУ со ваквиот договор не е продолжување на војната во Украина, туку дека тој дава клучен придонес за постигнување праведен и траен мир.

Бидејќи единствениот начин да се донесе Русија на преговарачката маса е зајакнување на Украина, денешната одлука ќе ѝ ги обезбеди на Украина потребните средства за да се одбрани и да го поддржи украинскиот народ – изјави Кошта на заедничката прес-конференција со Фон дер Лајен и данската премиерка Мете Фредериксен, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.

Според Кошта, со постигнатиот договор се испраќа кристално јасна порака до Москва дека не успеала да ги постигне своите цели во Украина, дека Европа стои зад Кијив денес, утре и онолку колку што е потребно и дека Русија мора да седне на преговарачката маса на сериозен начин и да прифати дека нема да ја добие оваа војна.

Единствениот пат напред е прекин на огнот и договорен мир. Нашата политичка и финансиска поддршка за Украина нема да се намали: во војна, во мир и во обнова. Ние сме посветени на градење слободна и просперитетна Украина во рамките на Европската Унија – додаде Кошта.

Запрашана за коментар за неуспехот на нејзиниот план за заемот за репарации и дали е разочарана поради тоа, Фон дер Лајен рече дека Унијата имала многу јасна цел да обезбеди финансирање за Украина и ако Комисијата не го предложела тој план, претпоставува дека земјите членки ќе немале храброст или политички моментум за трајно да ги замрзнат руските средства.

Тоа е големата победа. Со тоа, нивното замрзнување е трајно обезбедено и тие можат повторно да бидат деблокирани само со одлука со квалификувано мнозинство. Тоа беше најважниот дел, додаде Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека сите лидери споделуваат јасна цел за праведен и траен мир за Украина и тоа ќе може да се постигне со денеска постигнатиот договор за покривање на финансиските потреби на Украина за следните две години.

Фредериксен истакна дека постигнатиот договор за „стабилно финансирање“ за Украина, во основа претставува комбинација на двете опции што ги понуди Европската комисија –дополнително задолжување и користење на замрзнатите руски средства.

Со ова нашата поддршка за Украина е загарантирана. Тоа е важно од повеќе причини. Пред сè затоа што ние ја гледаме Украина како наша прва линија на одбраната, а во исто време и затоа што мора да се вооружиме и мора да ја гарантираме безбедност за секој европски граѓанин, додаде Фредериксен.

Инаку, и на овој Самит, како и на неколку претходни, не беше постигнат консензус за усвојување предложените заклучоци за Украина, кои, како што соопшти Европскиот сове, биле „цврсто поддржан од 25 шефови на држави или влади“.

Конечниот договор беше постигнат по повеќечасовна дебата меѓу лидерите, во еден момент дури и сами и без мобилни телефони, откако претходно пропадна предлогот за исплата на кредит на Украина, исто така во износ од 90 милијарди евра, но обезбеден од замрзнатите руски средства.

Со овој предлог се предвидуваше и „целосна (и неограничена) солидарност и поделба на ризикот од Европската Унија и нејзините земји членки со погодените земји членки и финансиските институции во ЕУ, во контекст на заемот за репарација“.

Извори запознати со текот на преговорите посочија дека во овој предлог биле вклучени многу од основните барање на белгискиот премиер Барт де Вевер, на кои тој инсистираше за да се согласи на прифаќање на заемот за репарации.

Сепак, според истите извори, Де Вевер, кој цело време конструктивно учествувал во дебатата, за поддршка на предлогот барал „неограничени финансиски гаранции“. Според неговото толкување, „неограничени“ би значело дека останатите земји членки ќе се обврзат во случај на потреба да и надоместат на Белгија неограничен износ на пари, чија сума би можела да биде поголема и од износот на самиот заем за репарации, кој се предвидуваше да достигне до 210 милијарди евра.

На ваквиот предлог меѓутоа забелешки имале неколку други земји, вклучително и дел од поголемите, кои оцениле дека тој „оди предалеку“ во прифаќањето на барањата на кои инсистира Белгија, каде се наоѓаат најголемиот дел од замрзнатите руски средства или околу 185 милијарди евра.

Дел од овие земји нагласиле дека за да се согласат на предлогот, тој треба да претрпи „суштински промени“. Тие оцениле и дека барањето на Белгија за „неограничени финансиски гаранции“ е претерано, потенцирајќи дека тоа би значело дека останатите земји членки би требало своите буџети да ги претворат во „бунар без дно, од кој Белгија ќе може да црпи колку сака“.

Инаку, за „закрепнување“ на лидерите во текот на долгите ноќни преговори, Данска во својство на актуелен претседавач со ЕУ, на располагање им ставила закуска составена од сендвичи со риба, свинско филе и пудинг од ориз.

 

Договор ЕУ Украина финансирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тројца загинати, деветмина повредени во напад со нож во глвниот град на Тајван

December 19, 2025

Влијателниот новинар Карлсон вели дека е можно Трамп до вечер да најави воен судир на САД со Венецуела

December 18, 2025

 Хаос во албанскиот парламент, пратениците запалија факели

December 18, 2025

Поранешен шеф на мртовечница на Харвард осуден на 8 години затвор за трговија со органи и тела

December 17, 2025

Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија

December 17, 2025
ФОКУС
December 18, 2025

Нови скандалозни измени на Кривичниот закон

ВЕСТИ December 18, 2025

Министрите и одговорните во државната управа ќе бидат ,,амнестирани” за несовесно работење во службата!?

Брисел: Оптимизам во ЕУ за финансирањето на Украина – епилогот во текот на ноќва

December 18, 2025

Атина: Грција со реакција на изјавата на Мицкоски – Името Северна Македонија е дел од Уставот

December 18, 2025

Фон дер Лајен: Импресивен напредок на Албанија и Црна Гора

December 18, 2025
ТИКЕР

Тројца загинати, деветмина повредени во напад со нож во глвниот град на Тајван

December 19, 2025

Влијателниот новинар Карлсон вели дека е можно Трамп до вечер да најави воен судир на САД со Венецуела

December 18, 2025

 Хаос во албанскиот парламент, пратениците запалија факели

December 18, 2025

Поранешен шеф на мртовечница на Харвард осуден на 8 години затвор за трговија со органи и тела

December 17, 2025

Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија

December 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.