Претставувајќи го Интервентниот план за инвестиции, премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција најави дека германскиот ланец маркети „Лидл“ ќе инвестира 300 милиони евра во Македонија, а ќе има обрвска да откупува македонски производи и да ги продава во регионот.

– „Лидл“ ќе вложи 300 милиони евра во Скопје, а првата инвестиција ќе биде во откупно-дистрибутивниот центар.  Ќе отвори и неколку маркети во Скопје и уште во седум други градови, рече Заев.

Премиерот нагласи дека ланецот ќе одбира и земјоделски и кондиторски производи коишто ќе ги продава во своите маркети на другите пазари од регионот.