Вардар имаше резултатски, па и играчки, лошо деби во групната фаза во Лига Европа, но песната на „Телеком арена“ не запре во ниту еден момент. Зенит ја покажа сета своја сила во дуелот со македонскиот шампион и заслужено славеше со 5:0. Ова е прв пораз на „црвено-црните“ на домашен терен во европските настапи летово.
Два гола постигна Александар Кокорин во 6 минута и во 21., по еден реализираа Артем Ѕјуба во 39., Бранислав Ивановиќ во 66. и Емилијано Ригони во 90.
Убедлив беше и Реал Сосиедад кој во Сан Себастијан го совлада Розенборг со 4:0. Двоен стрелец таму беше Лјоренте во деветтата и во 77 минута, Зурутуза погоди во 10., а автогол во 42 минута постигна Скјелвик.
Вардар во второто коло на 28 септември (19 ч.) ќе игра против Розенборг во Трондхајм, Зенит, пак, на стадионот „Крестовски“ ќе биде домаќин на Реал Сосиедад.
Вардар – Зенит (0:3)
Стадион: „Телеком арена“. Гледачи: 12.000. Гл. судија: Јакоб Келет. Асистенти: Хенрик Ларсен и Хејне Соренсен (крај аут линии), Михаел Тикгард и Јенс Мае (зад голови). Ж. картони: Фелипе, Џигаури (Вардар). Стрелци: Кокорин 6′, 21′, Ѕјуба 39′, Ивановиќ 66′, Ригони 90′ за Зенит.
Вардар (формација: 4-2-3-1): Гачевски – Брдаровски (Глишиќ 44′), Велкоски, Грнчаров, Хамбарѕумјан – Глигоров (Муслиу 63′), Николов – Фелипе, Блажевски (Итало 70′), Џигаури – Барсегјан. Менаџер: Чедомир Јаневски.
Зенит (формација: 4-3-3): Лунев – Мамана, Мевља (Жирков 82′), Ивановиќ (Терентјев 78′), Кришито – Нобоа, Краневитер, Кузјаев – Полож, Ѕјуба, Кокорин (Ригони 63′). Менаџер: Роберто Манчини.
Лига Европа
Аполон (Кипар) – Олимпик Лион (Франција) 1:1
Аталанта (Италија) – Евертон (Англија) 3:0
Австрија Виена (Австрија) – Милан (Италија) 1:5
Истанбул Башакшехир (Турција) – Лудогорец (Бугарија) 0:0
Динамо Киев (Украина) – Скендербег (Албанија) 3:1
Копенхаген (Данска) – Локомотив Москва (Русија) 0:0
Хофенхајм (Германија) – Брага (Португалија) 1:2
Риека (Хрватска) – АЕК (Грција) 1:2
Славија Прага (Чешка) – Макаби Тел Авив (Израел) 1:0
Вилјареал (Шпанија) – Астана (Казахстан) 3:1
Јанг Бојс (Швајцарија) – Партизан (Србија) 1:1
Жлин (Чешка) – Шериф Тираспол (Молдавија) 0:0
Арсенал (Англија) – Келн (Германија) 0:1 (во тек)
Црвена звезда (Србија) – БАТЕ Борисов (Белорусија) 1:1
ФЦСБ (Романија) – Викторија Плзен (Чешка) 3:0
Виторија Гимараеш (Португалија) – Салцбург (Австрија) 1:1
Хапоел Бер Шева (Израел) – Лугано (Швајцарија) 2:1
Херта (Германија) – Атлетик Билбао (Шпанија) 0:0
Олимпик Марсеј (Франција) – Конјаспор (Турција) 1:0
Реал Сосиедад (Шпанија) – Розенборг (Норвешка) 4:0
Вардар (Македонија) – Зенит Санкт Петербург (Русија) 0:5
Витесе (Холандија) – Лацио (Италија) 2:3
Зулте Варегем (Белгија) – Ница (Франција) 1:5
Зорја Луханск (Украина) – Естерсундс (Шведска) 0:2