Дански арбитри делегира Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за дуелот во Скопје меѓу Вардар и Зенит во воведното коло од групната фаза во Лига Европа.
Правда ќе дели Јакоб Келет (38) со асистенција од сонародниците Хенрик Ларсен и Хајне Соренсен крај аут линиите и Микел Тикгард и Јенс Мае зад головите. Судискиот колегиум од Данска го дополнува Ларс Рикс кој ќе биде задолжен за замените и екстра времето.
Дебитантскиот настап на „црвено-црните“ во групата Л во ЛЕ е во четврток од 21,05 часот.