Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лига Европа: „Волчицата“ без заби во Лион

0
By Нова ТВ on March 9, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Олимпик Лион обезбеди плус два пред гостувањето на „Олимпико“ во реванш осминафиналето во Лига Европа. Францускиот тим ја совлада Рома со 4:2 во меч со многу пресврти на „Жерлан“ и најубави голови во понудата во вечерниот термин.

Диакаби во осмата минута му донесе водство на домашниот тим по што следуваа два гола во нивната мрежата до паузата. Салах израмни на 1:1 во 20 минута по груба грешка на стрелецот на водечкиот гол за Олимпик, а целосен пресврт донесе Фацио во 33 минута.

Трофејниот клуб во француската Лига 1 покажа поголема решителност во продолжение на средбата и желба за победа и пренесување на притисокот врз противникот во возвратните 90 минути во Рим. Притоа и успеа благодарение на сопствената упорност меѓутоа и безидејноста што ја демонстрира „волчицата“.

Набрзо по враќањето на терен, Толисо израмни на 2:2 во 47 минута, момент што беше двигател за уште поголема конкретност на Олимпик за трет гол и победа што не беше случај со Рома. Таквиот пристап им донесе резултат на Французите во 74 минута. Погоди Факир за 3:2, а подобрата игра беше крунисана со ефектна реализација на Лаказет во судиското продолжение за конечни 4:2.

Лига Европа

Осминафинале, први мечеви

Олимпик Лион – Рома 4:2

Генк – Гент 2:5

Шалке – Борусија М 1:1

Олимпијакос – Бешикташ 1:1

Селта – Краснодар 2:1

Ростов – Манчестер Ј. 1:1

Копенхаген – Ајакс 2:1

АПОЕЛ – Андерлехт 0:1

Реваншите се играат на 16 март

Лига Европа Олимпик Лион Рома фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.