Динамо Загреб освои голем бод на гостувањето во Харков против Шахтјор Доњецк во амбициите за презимување во фудбалска Лига на шампиони. Хрватскиот и украинскиот првак одиграа 2:2 на стадионот на Металист пред реваншот на 6 ноември на „Максимир“. Дани Олмо во 25. минута и Мислав Оршиќ во 60. минута од пенал беа стрелци за „модрите“, Конопљанка иво 16. минута и Додо во 75. минута реализираа за домашните.
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се најде во стартниот состав на Динамо Загреб и одигра 68 минути.
Во вториот меч од 18.55 часот, Атлетико во Мадрид го порази Баер Леверкузен со 1:0. Стрелец на единствениот гол на стадионот „Ванда Метрополитано“ беше Алваро Мората во 78. минута.