Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локални избори 2025: Уште пет дена кампања

0
By Zoran Ivanov on October 27, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 27, 2025 08:39

Партиите имаат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка во вториот круг на локалните избори. Се очекуваат и одлуки за коалициите за гласањето в недела на 2. ноември. 

Партиите имаат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка во вториот круг на локалните избори. Се очекуваат и одлуки за коалициите за гласањето в недела на 2 ноември.

Изборните тимови на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вчера беа во Брвеница каде лидерот Христијан Мицкоски, меѓу останатото, реториката на кандидатот за градоначалник од  коалицијата „Вреди“, Хаќим Рамадани ја оцени како „голема грешка пред се за кандидатите за градоначалници од таа коалиција“.

-Замислете што ќе се случува сега во Тетово, во Струга, во Дебар и во одредени други општини. Така што, толку себичен потег од политичар во поновата историја Македонија не видела. Да влегува да мисли само за себе и својот кусоглед интерес, а притоа да ги занемари сите останати, кои што, исто така, се борат во вториот круг за градоначалнички мандат, изјави Мицкоски.

Најави дека Рамадани ќе биде разрешен од актуелната функција и порача дека неговата лична и поддршката на Владата ја имаат сите оние коишто работат на иднината на државава, без разлика на етничката, верската или политичката припадност или неприпадност.

Прашан за поддршката со Коалицијата „Вреди“ во вториот круг, Мицкоски, посочи дека таа коалиција испратила соопштение дека не го поддржува Фатмир Дехари во Кичево.

Изборниот карван на ВМРО-ДПМНЕ вчера беше и во скопски Карпош, за поддршка на Сотир Лукровски за градоначалник во оваа општина, каде исто така беше побарано да се излезе масовно на гласање и како што беше речено, да заврши бетонизацијата и актуелниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски да стане минато.

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, пак, на неформална кафе-средба со премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, како што информирапе ЗНАМ, добил јавна и целосна поддршка од коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ за гласањето в недела.

Противкандидатот на Лабудовиќ и актуелен градоначалник на Центар Горан Герасимовски,  најави дека во вториот мандат ќе се спроведе  хортикултурно и партерно уредување на потегот од Зеленото пазарче до ул. „Македонија“.

-Поставуваме нова изолација за спречување на течење на вода во подземните гаражи, а целата површина ќе добие нови плочки, зеленило на 2.400 квадратни метри, модерно ЛЕД осветлување и урбана опрема. Поставуваме и нови детски реквизити, кошаркарско игралиште со нова подлога и систем за наводнување. Нема пробивање на нова улица. Просторот ќе биде ограден и разубавен, зелен, достапен и отворен за граѓаните. Рокот за целосно завршување на уредувањето е мај 2026 година, изјави Герасимовски.

Опозициската СДСМ, како што изјави лидерот Венко Филипче, одлуката за коалиции во вториот круг ќе ја донесе до задутре. Етничката припадност, уверува Филипче, нема да биде критериум.

– Мултиетничкиот карактер на државата и добрите меѓуетнички односи мора да останат приоритет, СДСМ до среда ќе одлучи со кого ќе коалицира или поддржи за вториот круг, истакна денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од штабот на партијата во општина Аеродром од каде порача дека нивниот кандидат Александар Трајановски влегува во вториот круг со силна поддршка и јасна визија за општината.

Филипче најави и кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори. Тоа, како што рече, се должи на резултатот на изборите во првиот круг особено во некои скопски општини.  Кажа и дека се соочувале со притисоци пред гласањето, во општините каде што имаат нивни кандидати за градоначалници, како што рече, во вид на финансиски контроли, преку центри за социјална работа, нудење пари за гласови и за сето тоа ги известиле надлежните институции и оти поради тоа работеле во тешки околности.

По истекот на рокот за пријавување на болни и немоќни лица за гласање, ноќеска завршува и рокот за пријавување на лицата во домашен притвор. Овие лица, како и затворениците и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите односно на 1 ноември.

Првиот круг од локалните избори се одржа на 19 октомври и завршени се во 43 општини, додека постапката ќе се повтори во Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа каде немаше доволна излезеност.

избори кампања локални
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.