Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛП: Повикот на Груевски за „одбрана“ е опасна манипулација

0
By Нова ТВ on March 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 20, 2017 13:51

Либералната партија на Македонија оценува дека повикот на Груевски „народот“ да ја брани државата со излегување на улиците е неодговорна и опасна  манипулација токму со народот.

-Народот може да биде сигурен дека државата ќе опстане и ќе се развива само ако институциите добро и одговорно работат. Затоа сметаме дека повикот до народот е контрапродуктивен, против вистинските интереси на тој народ, а е одраз на фактот што ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија нема вистинска концепција како да се води и развива државата и што да му понуди на народот, се вели во соопштението.

Од ЛП сметаат дека посетата на Хан овој пат треба да се искористи со појасни и конкретни оценки и предлози од страна на партиите што ќе се среќаваат со него. Според Либералната партија, тие предлози треба да содржат конкретни решенија, на пр. како да се спроведе Извештајот на Прибе и како институциите да се вратат и да дејствуват во рамките на Уставот и законите, а во интерес на сите граѓани на земјата.

– Хан треба да биде информиран за тоа дека Македонија од изборите на 11 декември до денес западна во нова, поопасна и потешка криза од онаа дотогаш. Сега се соочуваме со парализата на државните институции во многу поголема мерка од предизборите. Во земјата не работи Собранието, нема нова Влада, а Иванов работи само колку да ги заплетка работите.

Тој период на држење на институциите вон функција отвора можност за авантуризми кои можат да го доведат во прашање опстанокот на државата, а на јавноста да и бидат прикажувани како акција на „народот“ за да ја „спаси“ државата, се вели во соопштението.

Од партијата укажуваат дека брзото решавање на политичката криза во Македонија, ќе го ослободи целиот регион од сегашниот опасен тек на настаните и од реалните грижи и стравувања, кои инаку се се појасно изразени во земјите од регионот.

Груевски ЛП Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.