Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Во три точки за Овалната, за Трамп и САД и Зеленски и Украина и за Европа, за таа стара лицемерка

0
By Zoran Ivanov on March 1, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 1, 2025 22:16

Зоран Иванов

Се изнакажаа сите па еве и јас да кажам збор, два за темите од насловот.

Ама од мене малку поизвртено од хорот на нашите овдешни демократски видувања на настанот во Овалната.

Накусо за околностите и украински и американски и европски.

Во само три точки:

Прво, Овалната е овална зашто е овална. Едоставно тркалезна. Сите други толкувања се легенди лепенки. Тркалезна е од мода ли, од хир ли, сеедно. Смислиле архитектите на Белата. Колонијален стил, градба на изразена моќ или желба за моќ. Во суштина, Овалната не е проектирана за некакви посебни одлуки. Обична бирократска накарадна канцеларија но и простор за по некој помодерен танц како замена за оние барокните од времето на Ричард или Помпадур. Целиот објект па и Овалната, ми раскажува познавач историчар на уметноста и архитектурата, се скроени според тогашните богаташки мегаломански тексашки кеитериуми за акцентирање на моќтта на парите, преку нив и за промовирање на моќта на владеењето. Значи, колку пари, толкави габарити. Просто, па сепак можеби ЏПТ знае повеќе.

Второ, тоа што, според мојот суд, всушност би требало да загрижува е дилемата во која лебди прашањето за тоа како тоа украинскиот претседател, тој ли самиот, неговиот тим ли, некој трет ли сеедно, во еден таков воено суптилен миг за неговата земја, и покрај сите дрски, бучни, арогантни и потценувачки квалификации што на личен план му ги упати неговиот невоспитан американски колега и, посебно, после сите многу јасни пораки за тоа како тој бескрупулозно, од позиција на моќ, го проектира расплетот, на чија страна е и што се во ова матно воено време со уцени сака да заграби од истоштената Украина, значи како, покрај сево ова, тој си дозволи како, како со грло в јагоди, да влета во таа местенка, во таа заседа, во стапица.

Како тоа да не предвиди и како тоа си дозволи да го истопурат во тој и таков амбиент пред ТВ камери во жив пренос и згора со грст хиени околу домаќинот, а при планирана и најавена прес за по средбата, нели, претседателска. Тоа влетување во очигледно грижливо планираната замка во Овалана, според мојот скромен суд, е клучното прашање за тоа кој и зошто на таков грд начин го намести Зеленски?

Зарем Зеленски и тимот, па и пријателите, нели, европски, не знаат дека кога се работи за мир или за војна, за слобода или за колонија, такви тешки меѓународни договори не се склучуваат откако претходно, зад очите на јавноста, прво тимски не се договори и најситниот детал и дека по протокол се јавни само потписите и вештачките насмевки на потписниците.

И трето, сега, отпосле, по бруталниот вербален масакар врз украинскиот претседател во Овалната, како да е малку лицемерен овој наплив на европска солидарност со Зеленски и Украина. Како да е пре млака, пре анемична реакцијата на европските челници кои во мнозинство и гласно застанаа зад Зеленски но и кои во мнозинство гласно и не ја осудија местенката за Зеленски во Овалната во Вашингтон.

Но, ајде, времето си врви и тоа е најмеродавниот суд па бргу, многу бргу ќе се види дали ЕУ ќе застане цврсто и принципиелно во осуда на постапките на Трамп и САД во врска со Зеленски и Украина или Европа, таа стара лицемерка, и овојпат ќе си го открие својот морално валкан образ.

Еден од одговорите можеби ќе се случи веќе утре на ЕУ самитот за Украина во Лондон од каде што ќе треба да уверат во првото.

Ама, судејќи и според искуство историско европско, за жал, ќе се случучи …

 

ЕУ Зеленски Зоран Иванов колумна овална Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.