Луис Енрике ќе замине од Барселона на крајот на сезоната. Тренерот на Каталонците го призна тоа по убедливата победа против Спортинг Хихон со 6:1 како потврда на шпекулациите што со денови се сè поприсутни во јавноста.
„Нема да бидам тренер на Барселона во наредната сезона. Ми треба време да се одморам од фудбалот. Начинот на кој го работам ова е причина поради која мора да се повлечам. Има премалку часови со одмор, а тие ми се потребни“, рече Енрике.
Разделбата на Енрике и Барселона трае со недели. За својата одлука најпрво ги известил фудбалерите, а потоа и медиумите.
Енрике својата тренерска кариера ја започна во Барселона Б по што ги водеше Рома и Селта. На „Камп Ноу“ се врати во 2014 година и веќе во првата сезона ги предводеше Каталонците до пет титула – шпанско првенство, шпански Куп, Лига на шампиони, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.