НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Лукашенко, последниот глупав диктатор“: Ќе има ли слобода за Белорусија без крв?

0
By Ана Василевска on April 5, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Белорускиот претседател и рускиот претседател Владимир Путин се долгорочни сојузници
Белорускиот претседател и рускиот претседател Владимир Путин се долгорочни сојузници.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако беа задушени масовните антивладини протести во периодот од 2020 до 2021 година, десетици илјади Белоруси ја напуштија својата земја среде виорот на репресија и насилство дома.

Студенти, активисти и политички противници на угнетувачкиот режим на претседателот Александар Лукашенко, избегаа во соседните Полска и Литванија.

И таму останаа.

Ако се вратат назад, многу од оние што се противат на „последниот диктатор“ на Европа ќе се соочат со апсење, затвор или уште полошо.

„Тука сме затоа што немаме избор“, рече Алексеј Евтушик, белоруски активист.

37-годишникот избегал во Литванија пред две години, откако бил уапсен на демонстрации во неговата татковина. Тој вели дека бил затворен и измачуван од полицијата, оставајќи му малку избор, освен да побегне.

Август 2020 година, демонстрантите носат ранет маж за време на судирите со полицијата во Минск, Белорусија.
Август 2020 година, демонстрантите носат ранет маж за време на судирите со полицијата во Минск, Белорусија.

Сепак, од војната во Украина, прогонетите Белоруси како Евтушик велат дека се соочуваат со растечка дискриминација и непријателство во Европската унија, преземајќи ја вината за цврстата поддршка на Белорусија на Русија.

Тоа се манифестира на многу начини. Европските универзитети и сопственици, наводно, одбиле да примат Белоруси, додека некои компании повеќе не ги вработуваат.

И Шведска и Чешка беа критикувани за обидот да ги депортираат белоруските баратели на азил, и покрај ризикот од смртна казна дома.

„Незнаење и рамнодушност“

Овој нов бран на лошо чувство од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година не признава дека Белорусите масовно не го поддржува нивниот лидер Лукашенко и војната во Украина.

Анкетата на независниот белоруски социолог Андреј Вардомацки покажа дека само 11% се за Белорусија да учествува во борбите.

Во меѓувреме, две третини од анкетираните се против руската употреба на Белорусија како место од каде што може да спроведува воени операции во Украина.

Некои луѓе мислат дека сме опасни, како некој вид непријател“, изјави Евтушик за Еуроњуз, потсетувајќи се на неодамнешниот инцидент во кој некои „пијани момци“ го прашаа дали „го сака Путин“.

„Тоа е дискриминација. Белорусија учествува во оваа војна на страната на Русија, но тоа не сме ние, тоа е нашиот глупав диктатор“.

Сепак, тој продолжи: „Дури и да има проблеми овде, подобро е отколку да се живее во затвор. Тоа е изборот со кој се соочуваме: Затвор или слобода“.

Дел од проблемот што влијае на прогонетите Белоруси во Европа се вообичаените погрешни перцепции.

Според Андреј Вазјанау, предавач на Европскиот универзитет за хуманитарни науки во Вилнус, во земјите кои не се граничат со Белорусија, ставовите на јавноста се обликувани од „колонијалната визија“ промовирана од Москва, која го прикрива фактот дека Белорусија се разликува од – и се спротивставува на Русија.

„Луѓето обично се рамнодушни бидејќи не ја гледаат Белорусија како посебна“, вели тој.

Белорусија, што значи бели Руси, беше дел од СССР до неговиот распад во 1991 година. Иако нејзината влада споделува длабоки економски и политички врски со Русија, земјата има своја посебна култура и историја.

Во февруари, протечениот документ ги покажа плановите на Путин за анексија на Белорусија до 2030 година. Ако тоа се случи , ЕУ ќе сподели голема граница со Русија.

„Никој не ги дискриминира Белорусите повеќе од белоруската влада“
Дури и во Литванија, еден од главните сојузници на белоруската опозиција, „расположението се менува“, вели Вазјанау.

Владата предложи да им се забрани на Белорусите и Русите да добиваат литванско државјанство, иако тоа се врати во март.

„Тоа беше симболично понижување“, рече Вазјанау за Еуроњус. „Луѓето беа огорчени кога видоа дека се ставени со Русите во еден кош “.

Тој рече дека антиевропските елементи во Русија и Белорусија ја користат политиката како оваа, за да ги исмеваат неистомислениците, тврдејќи дека тоа покажува дека Европа нема да им даде „ништо“.

„Луѓето се разочарани од самата идеја за меѓународна солидарност“, објасни тој. „Тие се чувствуваат изневерени на толку многу нивоа“.

„Не е тоа што ги прави Белорусите ентузијасти за Русија бидејќи Москва исто така не и прави ништо добро на Белорусија, туку тоа што луѓето се разочаруваат од западните демократии.

Иако Литванија направи повеќе од која било земја за да и помогне на Белорусија, дозволувајќи им на дисидентите да се населат во нејзините граници, Вазјанау вели дека мислењето е поделено за „белоруското прашање“.

„Од една страна, Литванија виде масовна репресија врз цивилите во Белорусија. Таа ја има оваа амбиција за да ја промовира демократијата, да покаже солидарност и да биде верна на своите вредности“.

„Од друга, таа е мала земја и се плаши од заканите на специјалните агенти и шпиони кои можат да се инфилтрираат. Другите европски земји не се соочуваат со ова прашање“.

Според Центарот за студии за Источна Европа, во Литванија има 40.000 белоруски граѓани. Околу 86 отсто од испитаниците во нивното истражување рекле дека ја напуштиле Белорусија поради политички причини.

„Нема слобода без крв“

Ставовите кон Белорусите беа под огромно влијание од руската инвазија на Украина.

Револтираните Белоруси излегоа на улиците неколку дена откако руските тенкови ја превртеа границата и повеќе од 1.500 луѓе беа уапсени за антивоени акции.

Во меѓувреме, три белоруски полкови наводно се борат за Украина.

Сепак, делови од нејзината територија беа искористени за организирање на инвазијата, додека московските трупи сега се обучуваат во Белорусија – предизвикувајќи стравувања дека Белорусија ќе биде вовлечена во војната.

Некои Украинци го критикуваа белоруското население што не го предизвика насилно Лукашенко, повикувајќи се на сопствената револуција од 2014 година, во која беше соборен претседателот на сојузникот на Путин, Виктор Јанукович, по смртоносните судири меѓу демонстрантите и државните сили.

За Вазјанау ова е неправедна критика

Не само што Украина има „приказна за успешен протест“ – способна да инспирира отпор – ситуациите во секоја земја се различни , вели тој.

Демонстрациите во Белорусија беа безмилосно и брутално задушени со помош на Кремљ, а многумина сугерираа дека Лукашенко преживеал само поради интервенцијата на Путин.

Исто така , немаше „меѓународна поддршка“ за демонстрантите во Белорусија, рече тој. „Некои земји им помогнаа на луѓето да го избегнат насилството, но ниту една земја не помогна во борбата против“.

„Сметавме на солидарност во 2020 година“

Повеќе од 250.000 луѓе се собраа на улиците на Минск, главниот град на Белорусија, пред две години, демонстрирајќи против наводните фабрикувани резултати од претседателските избори, на кои Лукашенко беше прогласен за победник.

Тоа беше најголемото протестно движење во модерната историја на Белорусија.

Верувајќи дека „сите би имале корист“ доколку Белорусија е независна, Вазјанау изјави за Еуроњуз: „Една работа што им треба на бранителите на правата и на оние кои се вклучени во партизански борби е изменета визна политика, што ќе им  олесни на Белорусите да патуваат во ЕУ“.

„Има многу, внатре,  во Белорусија кои прават нешто за да ја поддржат Украина и да се спротивстават на окупацијата на нивната земја. Но, тие се лишени од поддршка“.

„Мислам дека тоа е она што Европа може – и треба – да го направи“.

Извор Еуроњус

Подготви А.В. 

Александар Лукашенко Белорусија Владимир Путин Војна во Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.