Ликовниот уметник Филип Фидановски е избран за нов претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) на денешното Собрание што се одржа во Скопје.

Фидановски е роден во Скопје во 1977 година. Дипломира во 2002 година на одделот за керамика и магистрира во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија. Учествува на 43 групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Белгија и Египет, а организира и голем број самостојни изложби. Добитник е на голем број награди.

Нов потпретседател на ДЛУМ е Марјана Костојчиновска Узунчева, а дел од Управниот одбор се членовите Златко Бојковски, Христијан Санев и Шкипе Мехмети.

Дијана Томиќ Радеска ја доби довербата да биде претседател на Уметничкиот совет во кој ќе членуваат и Симонида Филиповска Китановска, Жани Гелевска, Марија Светиева, Маја Кировска, Новица Трајковски и Стефан Димовски.

Со ова се заокружува новата постава за четиригодишниот мандат на раководни тела што ќе застапува интереси на членовите на ликовниот еснаф, соопштуваат од ДЛУМ.