Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) утрово објави дека штетата на Институтот за физика и технологија во Харкив е „драматична и шокантна“ и „многу полоша отколку што мислевме“. За среќа, нивото на радијација се уште е нормално.

Заменик-генералниот директор на Институтот во разговор со инспекторите на МААЕ изјави дека зградата на Институтот претрпела повеќе од 100 напади со ракети и гранати само во првите три недели од војната, а без струја и вода е повеќе од еден месец, објави Киев Индепендент.