Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Магацин со сулфур се запали во Австралија – се шири отровен чад, луѓето се евакуираат

0
By Zoran Ivanov on August 6, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 6, 2026 12:10

Голем пожар во магацин за складирање сулфур утрово предизвика итна евакуација во Порт Аделаид, во Јужна Австралија, откако густ и отровен чад се прошири низ околните подрачја.

На жителите на Порт Аделаид во близина на фабриката за ѓубрива „Ауризон“ им е наредено веднаш да го напуштат подрачјето.

Двајца работници веќе се пренесени во болница, но нивната здравствена состојба засега не е позната.

Наредбата за итно напуштање на подрачјето била издадена нешто по 11:40 часот, а надлежните прогласиле зона за евакуација во радиус од еден километар. Се верува дека магацинот бил полн со тони сулфур.

Пожарникарите не можат да користат вода за гаснење на пожарот, бидејќи предупредуваат дека тоа би предизвикало опасна хемиска реакција и би можело да доведе до експлозија.

На луѓето во зоната им е наредено веднаш да ја напуштат областа, а службите за итни случаи ја опишаа ситуацијата како „исклучително опасна“ и ги повикаа граѓаните да не влегуваат во подрачјето под никакви околности.

При согорување, сулфурот се претвора во сулфур диоксид – гас со силен и непријатен мирис, кој може да биде опасен по здравјето.

Овој гас може да предизвика сериозна иритација на дишните патишта, отежнато дишење и чувство на печење во носот и во грлото. Директната изложеност може да предизвика наталожување течност во белите дробови и претставува опасност од задушување.

Надлежните нагласија дека луѓето со астма или со срцеви проблеми треба да ја избегнуваат областа.

Прогнозите се дека пожарот ќе продолжи да гори во поголемиот дел од денот.

 

Австрија пожар сулфур
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.