Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија до полноќ треба да добие втора техничка Влада

0
By Нова ТВ on January 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 3, 2020 07:51

Македонија до полноќ се очекува да ја добие втората техничка Влада што согласно Пржинскиот договор се формира на 100 дена до избори, во случајот за предвремените парламентарни на 12 април. Нејзина основна цел е организација на слободно, фер и демократско изразување на волјата на граѓаните. Постапката почнува со поднесување оставка на премиерот Зоран Заев, чин што тој го најави за 3 јануари. По формалното известување на претседателот на Собранието, Талат Џафери, тој свикува седница и Парламентот ја констатира оставката.

Собранискиот спикер потоа го известува претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој треба да му даде мандат на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, предложен за функцијата од највисоките тела на СДСМ, а за кого согласност даде и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Спасовски потоа треба да ја предложи новата влада, а Парламентот да ја изгласа и тој владин состав ќе управува со земјава во периoдот до изборите и формирањеto на новата влада.

Претседателот на Собранието, Џафери неодамна изјави дека, имајќи предвид дека договорот за избори е постигнат меѓу најголемите партии и за составот на преодната влада, целата постапка може да се заврши за еден ден, односно на 3 јануари до полноќ. Во преодната влада, опозицијата, освен министер за внатрешни работи (МВР), предлага и министер за труд и социјална политика (МТСП), како и дополнителни заменици-министри за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство, а власта добива заменици во МВР и МТСП.

За министер за внатрешни работи, ВМРО-ДПМНЕ го предложи Наќе Чулев, професионалец од Агенцијta за разузнавање, откако СДСМ не го прифати предлогот Драган Ковачки, армиски полковник, да биде на оваа функција. Рашела Мизрахи ќе биде предлогот за министер за труд и социјална политика, заменик-министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојкоски и за земјоделство Цветан Трипуновски.

По предлог од СДСМ, заменик-министер за внатрешни работи ќе биде Славјанка Петровска, а за труд и социјална политика, Санела Шкријејљ.

Согласно законот, техничкиот министер за внатрешни работи може да изврши најмногу 15 разрешувања или распоредувања, на пониско или повисоко место на носители на раководна позиција во МВР, а може да изврши и хоризонтални распоредувања на вработените кои се на негов предлог во бројката до 10 отсто од бројот на хоризонтални распоредувања базирани на просекот на овие распоредувања во 2013 и 2014 година.

Фото: telma.com.mk

Мандатот на техничките министри и заменици-министри трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, по што тој им престанува по сила на закон.

Концептот техничка или пржинска влада беше воведен по кризата што настана, откако премиерот Зоран Заев, а тогаш лидер на опозицијата во 2015 година, почна со објавување на „бомбите“, по што следуваа предвремени избори.

Овој концепт, кој сега е законска обврска, е дел од Пржинскиот договор кој во 2016 година го постигнаа поранешниот премиер Никола Груевски, актуелниот премиер Заев, кој тогаш беше во опозиција и претставници на другите партии со помош на меѓународната заедница.

Сега неколку години подоцна, откако Северна Македонија не доби зелено светло за почеток на преговорите на самитот на ЕУ во октомври, Заев, сега како премиер, се одлучи да замине на предвремени избори.

Техничката влада се избира со просто мнозинство. Ова ќе биде втора преодна влада пред одржување предвремени парламентарни избори. Прв премиер во преодната влада беше Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија Собрание Техничка Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.