Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија домаќин на конференција на НАТО комуникатори, на отворањето говореа Ковачевски и Петровска

0
By Соња Крамарска on September 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 7, 2022 10:48

Денеска во Скопје почна конференцијата на НАТО комуникатори, на која ќе учествуваат околу 300 експерти од оваа област. Отварајќи ја конференцијата премиерот Димитар Ковачевски рече дека за Македонија како најмлада членка на НАТО ваквите настани се од голема важност „бидејќи тие го детерминираат нашето натамошно внатрешно организирање и делување на полето на стратешките комуникации“.

„Воените и политичките активности се тесно врзани со нивната комуникација и со умешноста истите да ги доближиме до граѓаните. Од комуникациите и од вашата отвореност зависи дали и како граѓаните ќе разберат на кои начини работиме на зачувување на нивната безбедност“, им порача Ковачевски на учесниците на конференцијата.

„Во ерата на дезинформациите и хибридните напади токму стратешките комуникации имаат најважна улога затоа што  овозможуваат точни и проверени информации до граѓаните наспроти дезинформациите чија цел е да внесат немир и страв“, рече тој.

Премиерот нагласи дека воената инвазија врз Украина од страна на Русија и огромниот наплив на дезинформации околу истата, покажа дека комуникациите можат да имаат сериозно раздорно влијание против кое мора да се бориме. „Точно е дека Украина во овој момент успешно се справува со информациската војна, за што од сите нас има поддршка, но токму таа информациска војна ни покажува колкава е улогата на комуникациите во стабилноста на една земја и еден регион“, истакна Ковачевски.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска рече дека оваа конференција за првпат се одржува во Северна Македонија, и праќа политичка порака дека НАТО е воено-политички сојуз кој ги следи безбедносните предизвици од сите аспекти. „24 февруари ни покажа дека она што го сметавме за невозможно за жал стана реалност. Воена агресија на една држава врз друга суверена држава, проследена со информациска војна која има за цел да ја поткопа довербата во клучните цивилизациски вредности и да го поткопа нашиот кредибилитет како Алијанса. Огромна е одговорноста на НАТО комуникаторите во оваа војна да ја извојуваат победата на вистината“, рече Петровска.

Таа најави дека Министерството за одбрана е во процес на формирање на Центар за односи со јавност чија главна цел е токму борбата со дезинформации.

Конференцијата со свој говор ја поздрави и помошничката генерален секретар на НАТО за јавна дипломатија Бајба Браже а видео-обраќања имаа и командантот на Сојузничката команда за операции, генерал Кристофер Каволи и командантот на Сојузничката команда за трансформација, генерал Филип Лавињ. (Р.Н.)

конференција на НАТО комуникатори Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.