Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија е против бегалски кампови на нејзина територија

0
By Нова ТВ on June 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот комесар задолжен за миграција, Димитрис Аврамопулос, одговори дека на овој состанок не се разгледувала идеајата за отворање на бегалски кампови во земјите од регионот. Македонија, од своја страна, е одлучно спротиставена на ваквата идеја, изјави за МИА министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

По состанокот на министрите за внатрешни работи од земјите на Западниот Балкан со нивните бугарски и австрики колеги, како и еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, македонскиот министер, Оливер Спасовски, за МИА изјави дека за Македонија отворање бегалски кампови не доаѓа предвид.

– Република Македонија има јасен став по ова прашање, тој став е дека ние имаме транзитни центри, значи само прифатни, за кратко време, на бегалци коишто можат да поминат низ територијата на Република Македонија како што беше во изминатиот период. Не гледаме причина тој став да се промени, апсолутно дека ние можеме да соработуваме, заеднички да се штитиме од евентуален мигрантски бран меѓутоа не може Македонија да биде место кадешто ќе имаме заеднички кампови и тука да бидат на подолг рок, вели тој.

Данска и Австрија, која го презема кормилото на ЕУ на 1 јули, неодамна ја објавија идејата за отворање на кампови за бегалци, чии барања за азил се отфрлени во ЕУ, тие луѓе да бидат префрлени во кампови „во Европа, но надвор од ЕУ“. Повеќе дипломатски извори од овие две земји прецизираа дека станува збор за земјите од Балканот најверојатно.

Еврокоемесарот за миграција за новинарите порача дека не станало збор за оваа идеја на денешниот состанок со земјите од регионот.

Запрашан како Европската комисија гледа на оваа идеја на Данска и Австрија, Аврамопулос изјави дека не гледа ниту една земја која изразила желба да прифати кампови на своја територија.

Останува дека австриското претседателство, доколку одлучи, може да го стави на маса и официјално овој предлог. Запрашан како ЕК ќе реагира доколку се официјализира овој предлог, комесарот одговори:

– Ако пристине предлог, ќе го дискутираме, но за сега не го избрале тоа. Идејата е тука, но тоа не е конкретен предлог за сега, рече Аврамопулос за МИА.

Миграциската криза е најголемиот предизвик за земјите членки на ЕУ во овој момент, бидејќи тие не успеваат да ги усогласат своите ставови. Токму во отсуство на компромис беше спомената идејата од страна на Данска и Австрија да се отворат надвор од ЕУ кампови за бегалци чии статуси се во исчекување или им бил одбиен азилот.

Аврамопулос бегалски кампови ЕУ Македонија Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.