Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија и Бугарија на заедничко поклонение во Рим

0
By Нова ТВ on May 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 14, 2018 15:03

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев со делегација на владини претставници како и претставници од Македонската православна црква и Римокатоличката Црква во Македонија, на 24 и 25 мај ќе престојува во официјална посета на Република Италија и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

Како што соопшти владината прес служба, на 24 мај, премиерот Заев и делегацијата ќе пристигнат во Базиликата „Свети Климент“ на молебен, каде ќе ги пречека старешината на Базиликата, отец Томас Мекарти. Во оваа Базилика, македонската и бугарската владина делегација заедно ќе положат венци цвеќе на гробот на Св.Кирил.

Македонската делегација потоа ќе се упати кон базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде ќе положат свежо цвеќе на спомен плочата од папата Адриан II, во чест на Св.Кирил и Методиј. Истиот ден, македонската делегација ќе положи венци цвеќе и на споменикот Св. Кирил и Методиј во Амбасадата на Република Бугарија, каде ќе има и заеднички ручек на претседателите на владите на Република Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов.

Во петок, на 25 мај, премиерот Заев придружуван од владината делегација ќе присуствува на Аудиенција кај папата Франциск во Апостолската Палата во Ватикан, а потоа премиерот Заев ќе се сретне со Државниот секретар на Светата Столица, кардинал Пјетро Паролин. Во попладневните часови, македонската и бугарската владина делегација ќе присуствуваат на отворање на заедничка културно – уметничка програма, организирана од министерствата за култура на двете земји.

Бугарија Кирил и Методиј Македонија Рим чествување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.