Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија и САД на разговори на 2 јуни во Вашингтон за посилно стратешко партнерство

0
By Соња Крамарска on April 28, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Продлабочувањето на соработката со  САД и зајакнување на нивното присуство е многу значајно во контекст на безбедносните предизвици по руската инвазија врз Украина, изјави денес шефот на дипломатијата Бујар Османи, по состанокот со Карен Донфрид, помошничка државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања.

Османи се осврна и на блокадата врз евроинтеграциите на нашата земја. „Забрзувањето на евроинтеграциите е важно и за Северна Македонија, но и за целиот регион и за партнерите. Време е да се деблокира пристапувањето кон ЕУ, да се одобри преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција“, рече министерот за надворешни работи.

Суштинска вест од средбата е сепак закажаниот дијалог меѓу македонски и американски претставници, на 2 јуни во Вашингтон, на кој главна тема ќе биде продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД.

Веста ја објави министерот Османи, а претставничката на Стејт Департментот Донфрид рече дека очекува продлабочување на дискусиите меѓу двете влади за безбедносни и енергетски прашања како и споделување на информации.

Во контекст на нашето пристапување кон ЕУ, таа порача дека „САД изразуваат пофалби за покажаниот напор на Северна Македонија за северноатлантската иднина“, и дека Македонија заслужува брзо да напредува кон ЕУ.

„Сакаме што побрзо да се одржи меѓувладината конференција со Северна Македонија и Албанија. Веќе предолго се одолговлекува оваа конференција. Исполнивте тешки задачи и потребните реформи и заслужувате брзо да напредувате. Вашето пристапување ќе донесе поголема стабилност на Балкан и погол просперитет на Европа“, рече Донфрид. (С.К.)

 

 

Бујар Османи Карен Донфрид прес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.