Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ќе побара повлекување на одлуката за азил на Груевски

0
By Нова ТВ on November 21, 2018 ПОЛИТИКА
фото AFP
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 21, 2018 13:35

Владата размислува и ќе донесе одлука да испрати барање за повлекување на одлуката за азил на Никола Груевски, од причини што доколку одлуката е заснована врз определени факти кои не се такви какви што се, државата има право да ја отповика или да ја поништи одлуката, рече денеска министерката за правда Рената Дескоска на настанот за почетокот на твининг проектот „Јакнење на казнено-поправниот систем и пробациската служба“.

– Унгарските закони се доста рестриктивни и дури даваат и можности за отповикување на дадена одлука за азил, така што Владата размислува и ќе донесе одлука да испрати барање за повлекување на одлуката за азил. Исто така, гледајќи го унгарскиот закон, оние кои добиваат азил, доколку во исто време не добијат државјанство, или трајно жителство, нивната одлука за азил се преиспитува, по службена должност на секои три години. Значи, доколку Груевски не добие државјанство, тогаш неговата одлука дури и во овој случај не биде преиспитана по барање на Владата, би требало според унгарските закони да биде преиспитувана на секои три години, појасни Дескоска.

Посочи дека кога ќе се поднесе барање за азил и кога државата ќе поднесе барање за екстрадиција, тие два процеси, ако одат паралелно, екстрадицијата чека додека не се даде одлуката за азил или ако не, воопшто не носат одлука никаква и не ја почнуваат постапката за екстрадиција, додека не се даде одлука во постапката за азил.

– Оваа процедура која досега се спроведува во Унгарија е процедура која ние ја очекувавме и ја знаевме, дека прво ќе се даде предност на постапкта за азил, а потоа би се разгледувало прашањето за екстрадиција. Барањето за екстрадиција е образложено со сите аргументи и додека се одлучува на база на правни процедури треба да биде удоволено, истакна Дескоска.

Додаде дека досега со Унгарија немале проблем околу екстрадицијата во ниту еден случај и оти Унгарија никогаш не покренала никакво прашање ниту за состојбите во затворите ниту за сомневања во делувања во судството за да одбие екстрадиција. – Ова не е прва екстрадиција што ја бараме, но се надевам нема да отскокне да биде прва што ќе биде одбиена, потенцира Дескоска.

Во делот што се однесува до помилувањата како основ за одбивање на екстрадиција, Дескоска рече дека постојат аргументи што ќе бидат дадени во тоа барање за поништување на азилот, затоа што тоа е одлука која треба да ја донесат унгарските власти.

– Нашето искуство од она што е практично право зборува дека нема основ за одбивање на екстрадицијата, нагласи министерката за правда.

Истакна оти ако се гледа целиот процес и сите информации што доаѓаат од почетокот на напуштањето на земјата и се до пристигнувањето во Будимпешта, од страна на Никола Груевски, може да се сфати дека станува збор за многу политика вмешана во овој случај, додавајќи оти како држава ќе ги истакнуваме правните аргументи, и очекуваме од земјите шпто се членки на ЕУ да одлучуваат согласно европските принципи.

Во врска со можноста дали Груевски побарал од порано азил, рече дека процедурата за добивање на азилот е неверојатно брза, невообичаена за Унгарија, така што не се исклучува ни таа можност каде е побарана дали во Унгарија или на друго место.

Во меѓувреме,  унгарскиот министер за правда Ласло Трочани рече дека унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Македонија.

– Груевски откако доби азил во Унгарија не може да биде испорачан во земја во која e цел на прогон, кажа Трочани.

Унгарската служба за имиграција и бегалци вчера му одобри политички азил на Груевски, по кого Македонија распиша меѓународна потерница заради издржување на двегодишната затворска казна. Македонското Министерство за правда вчера до унгарските власти го достави и барањето за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија.

азил Дескоска екстрадиција Трочани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.