Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија комплетно заостанува зад регионот во енергетските реформи

1
By Сашка Цветковска on October 3, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Илустрација: Седиште на ЕВН во главниот град Скопје, работа на новата фасада во барок

Македонија заостанува комплетно зад земјите од регионот, ова е заклучокот од годишниот најнов извештај на Секратијатот на Енергетската задница којшто ги оценува обврскте на договорните страни за транспонирање на Третиот енергетски пакет за електрична енергија и гас, чиј краен рок истече на 1 јанури 2015 година.  Авторите на извештајот не штеделе придавки и описи кои ја опишуваат безмалку трагичната состојба во однос на напредокот во македонската енергетска сфера.

Транспонирањето кон Третиот енергетски пакет беше во фокусот измината година. Минатата, 2015 година, беше во знак на трката да се исполнат овие обврски. Трката ја добија Србија, Албанија и Украина (за гасот), победи кои веќе ги прославивме и во минатиот извештај за имплементација. Во меѓувреме, Црна Гора, Молдавија и Косово, исто така добро поминаа на крајната линија на трката. Честитки за оние кои ги направија овие чекори. Но, потоа, Босна и Херцеговина и Македонија се чини дека не само што отпаднаа од трката, туку отидоа уште поназад. Ова е извор на сериозни грижи во Енергетската заедница и, за жал, претставува општ индикатор за недостатокот од споспобност или волја во овие две земји да ги следат европските правила, се вели  во воведните зборови на Извештајот.

Понатаму, во обемниот извештај кој што усогласеноста со европските правила ја анализира сектор по сектор, се заклучува дека Македонија е во ќор-сокак.

На штета на граѓаните на Македонија, реформите во сферата на енергијата остануваат во ќор-сокак. Неуспехот на земјата да донесе усогласен закон за енергетика, носи рекорд во неусогласености со законодавството не само во однос на легислативата за електричната енергија и гасот, туку и за обновливите извори на енергија, каде што земјата е далеку зад проектираната траекторија за 2020 година, ова е сумарниот воведник за состојбите во енергетскиот сектор во извештајот за 2015/2016 година.

Извештајот е критичен во однос на монополската позиција на ЕВН, која засега единствена смее да им продава струја на домаќинствата. На први јануари 2015 година требаше да се отвори пазарот за струја за домаќинствата. Во текот ан 2014 година приватни компании почнаа да се подготвуваат за либерализацијата, вработуваа луѓе, правеа пакети за струја, инвестираа, дури и почнаа да ги рекламираат своите услуги. Тогаш владата одлучи да и овозможи на ЕВН да го задржи монополот, што своевремено го навлече гневот на Европската енергетска заедница, а инвеститорите останаа со куси ракави и залудно потрошени инвестиции. И овој извештај е насочен кон овој проблем.

Извештајот вели дека  разврзување на моделот на функционирање на ГАМА, како и решавање на проблемите врзани за сопственоста на другиот потенцијален оператор МЕР, може да ја извлечат земјата од ќор сокак.  Нотирана е и загриженост за политичката независност на Регулаторната комисија за енергетика.

Од една страна, Регулаторот не  изразува отпор, па дури ниту грижа против одложувањето на отворање на пазарот на електрична енергија до 2020. Од друга страна, во однос на правилата воспоставени од Регулаторот во однос на сегментот од пазарот којшто е веќе либерализиран, покажуваат дека членовите имаат експертиза и посветеност за помудро носење одлуки, вели извештајот.

ЕВН Енергетика МЕПСО Секретаријат за енергетски прашања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.