Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија очекува безусловна препорака од ЕК

0
By Нова ТВ on April 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Комисија денеска се очекува да препорача безусловен старт на преговорите за Македонија.

Ова се наведува во нацрт извештајот за Македонија, иако извори во Брисел за МИА предупредуваат дека формулацијата, може да биде променета во последен момент.

– Во светло на постигнатиот напредок, ЕК препорачува преговорите за членство да започнат со Поранешната југословенска Република Македонија. Одлучувачки ќе биде задржувањето и продлабочувањето на сегашниот реформски чекор за итните реформски приоритети. Со цел да го поддржи ова, ЕК би го применувала засилениот пристап за преговарачките поглавја во областа на судството, фундаменталните права и правдата, слободата и безбедноста во земјата, стои во делот на извештајот на ЕК што се однесува на нашата земја.

ЕК смета дека Македонија во голем дел ја надмина длабоката политичка криза. Потребните структурни реформи се бавен процес за што ќе бидат потребни години и штетата направена во последните години нема да биде поправена преку ноќ.

ЕК ја поздравува работата на земјата за справување со итните реформски приоритети преку “искрена желба за реформи и објективна проценка на состојбите, проследено со подготовка за стратегиите и законодавство на кои одамна се чека и консултации со сите актери вклучително и опозицијата на инклузивен и транспарентен начин“.

– И покрај тешкотиите поради отсуството на главната опозициска партија од декември до крајот на јануари, главните стратегии и закони беа усвоени на крајот на декември/февруари и многу други се во подготовка.

ЕК во извештајот додава дека уште поважно е што политичката волја да се напредува е повторно јасно присутна.

– Позитивна промена во политичкиот менталитет се забележува во целото општество, чие отсуство беше најголема пречка во последните години, пишува ЕК за Македонија.

Еврокомесарите треба уште еднаш да се сретнат пред да се финализира извештајот, денеска околу еден часот во Стразбур, и дека дотогаш се уште се можни неколку промени во формулациите.

Ни најпозитивна, ниту најцрна

Експертската јавност нема преголеми „оптимистички“ очекувања околу тоа каква ќе биде оценката на Комисијата во делот на напредокот со реформите во правосудството.

Поранешната судијка на Врховниот суд, Милка Ристова за НОВА вели дека оценката на ЕК во делот на правосудството нема да биде најпозитивна, но, нема да биде ниту најцрна.

-Оценката нема да биде најповолна, бидејќи реформите во делот на правосудството се на самиот почеток, но нема да биде и најкритичка. Овие реформи се централни во севкупниот реформски план и влијаат и на другите сегменти во општеството. Има померувања на овој план, но тие не се преголеми и на потребното ниво – вели Ристова.

Нешто попесимистички се прогнозите на нејзиниот колега и поранешен претседател на Врховниот суд, Дане Илиев, кој смета дека Извештајот на ЕК во делот на правосудството, не би требало да отскокнува многу од извештајот на тимот на Рајнхард Прибе.

-Од Комисијата се многу шкрти на зборови кога станува збор за извештаите. Оценката веројатно ќе биде слична како онаа на Прибе. Ако се реални нема што да кажат поразлично од она што досега го имаше кај Прибе. Се уште сме назад со реформите во правосудството. Не сум оптимист дека ќе има нешто премногу позитивно – вели Илиев, според кого измените што се прават во делот за судството се повеќе козметички, отколку што се движат кон суштинска реформа на правосудниот систем.

И Ристова и Илиев се осврнуваат во делот на утврдувањето на одговорноста на судиите кои не постапувале согласно законот и сметаат дека треба да се оди на утврдување на индивидуална одговорност за пропустите на секој судија, а не да се оди кон генерална одговорност, бидејќи како што нагласува Ристова, сите судии не се лоши.

Во овој дел Ристова смета дека Судскиот совет треба да биде поекспедитивен во одлучувањето по претставките за утврдување на одговорност што досега ги поднесе Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија, кој од Нова година е укинат, но Судскиот совет се уште постапува по нивните претставки.

-Судскиот совет треба да биде поекспедитивен во носењето на одлуките. Без разлика дали има аргументи или не во претставките, Советот треба побрзо да излезе со став – вели Ристова.

Што е направено во последните 9 месеци

Во изминатиот деветмесечен период Владата ги усвои најголемиот дел од законите кои се однесуваа на реформите во правосудството, а кои беа дел од планот „3-6-9“.

Беше усвоена Стратегија за реформа на правосудниот сектор за периодот 2017 – 2022 година и беше формиран Совет за реформи во правосудството, а годинава и Совет за нивно спроведување со кој претседава премиерот Зоран Заев.

Од пакетот законски решенија, од поочекуваните закони досега во Собранието беше усвоен Законот за заштита на сведоци, кој Специјалното јавно обвинителство го бараше изминатите две години.

Двата клучни закони, оној за судовите и за судскиот совет, во кои фокусот е ставен токму на критериумите за избор на судии, нивно оценување и утврдување на дициплинска одговорност, се уште се во собраниска процедура.

Нивното донесување требаше да се случи минатата недела, кога беа изгласани измените на Законот за заштита на сведоци, но гласањето беше одложено поради дополнителни консултации меѓу владејачкото мнозинство и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

За донесување на овие два закони е неопходно двотретинско мнозинство, односно неопходни се гласовите на опозицијата бидејќи станува збор за системски закони.

Во последниот Извештај на Европската комисија кој беше објавен во ноември 2016 година, беше нотирано назадување во делот на правосудството и постојано мешање на политиката во судството.

„Правосудниот систем на земјата има одредено ниво на подготвеност. Сепак, состојбата се уназадува од 2014 година и достигнувањата на реформскиот процес од претходната декада се поткопани од постојаното политичко вмешување во работата на правосудството. Властите не успеаја да ја покажат потребната политичка волја за ефективно решавање на основните проблеми кои се наведени во „итните реформски приоритети“. Препреките со кои се соочува новоформираниот Специјален обвинител ја обелоденија потребата поефективно да се реши недостатокот на независност на судството и да се спречи селективната правда“, беше наведено во Извештајот.

Какви се очекувањата

Премиерот Зоран Заев денеска оцени дека Македонија заслужува кристално чиста препорака од Брисел, врз основа на сработеното.

– Важни ми се зборовите во таа препорака, затоа што тоа за нас е или охрабрување или обесхрабрување. Тоа е важно и за граѓаните и за сите вклучени во реформските процеси. После оваа препорака Македонија продолжува со реформите. И навистина ако биде потврдено тоа што е сработено, очекуваме да добиеме кристално чиста препорака. Верувам дека заслужено ќе ја добиеме и тоа ќе биде дополнителна мотивација да продолжиме понатаму со реформите, изјави Заев.

-Се надевам дека ќе имаме чиста препорака за отпочнување преговори за членство во Европската Унија, порача вечерва шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

– Во последниот извештај на Фридм хаус за нациите во транзиција беше наведено дека Македонија е земја, кај која е забележан најголем демократски пробив во Европа. Беше кажано земјата е мала, но можностите се големи, што двојно го зголеми моето ниво на адреналин и ентузијазам, рече Димитров.

Нагласи дека интегрирањето во ЕУ треба да се гледа регионално и оти земјите треба да бидат свесни за нивната меѓусебна поврзаност.

 

ЕК Извештај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.