Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија пред Вадуц: Дојде и Стјепановиќ, неизвесен Спировски

0
By Нова ТВ on March 21, 2017 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски не сака да препушти ништо на случајот. Повредата на Стефан Спировски и имобилизаторот што мора да го носи на десната го прават неизвесен настапот на вардаровиот играч во петок против Лихтенштајн во квалификациите за СП 2018. Тоа е причина за упатената покана и до Остоја Стјепановиќ за приклучување во националниот тим. Членот на полскиот прволигаш Вроцлав ја прифати, одговори со екпресно доаѓање во Скопје и ќе биде опција за мечот во петок (20,45 ч.) во Вадуц.

Спировски е под знак прашалник. Ангеловски ќе го поведе во Лихтенштајн, но последниот збор за него ќе го има делегатот на средбата. Првотимецот на македонскиот првак има скршеница на палецот на десната рака и принуден е да игра со заштита на дланката како мерка на претпазливост од евентуално влошување на состојбата. Очекувањата на лекарскиот тим на македонската репрезентација се дека скршеницата би требала да зарасне за три месеци и без компликации.

Репрезентацијата денеска одработи уште еден тренинг во низата на мини подготовките. За Вадуц ќе замине во четврток сабајле, а вечерта ќе има прилика да се „запознае“ со тревникот на „Реинпарк“ каде во петок ќе треба да се потврди како фаворит во желбата за премиерна победа во групата Г во мундијалските квалификации.

Правда ќе дели судиска четворка од Белгија на чело со Жонатан Лардо.

Македонија и Лихтенштајн досега одиграа пет меча. „Црвено-жолтите“ имаат четири победи, меѓу нив и најубедливата досега од 11:1 на 9 ноември во 1996 година, и реми (1:1) со вкупна гол разлика од 20:4.

квалификации за СП 2018 Лихтенштајн Македонија репрезентација фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.