Доколку ги победиме Романците, вторите натпревари во баражот се на 11 и 17 април, а ќе играме против Чешка.

Двојките за првиот бараж којшто ќе го играме за пласман на Светското првенство во ракомет беа извлечени денеска во Будимпешта.

Поради пласманот на актуелното Европско првенство, Македонија ќе мора да победи две репрезентации – првата ќе биде Романија, против која ќе играме двомеч. Натпреварите од овој бараж ќе се играат помеѓу 14 и 20 март.

Доколку ги победиме Романците, вторите натпревари во баражот се на 11 и 17 април, а ќе играме против Чешка.