Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија стравува од нова бегалска криза, ОЦДЕ тврди дека е завршена

1
By Нова ТВ on June 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 29, 2017 16:57

Собранието денес со 94 гласа “за” го усвои барањето на Владата продолжување на кризната состојба на дел од јужната граница до 31 декември годинава. Барањето го поддржа и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според Владата рокот треба да биде продолжен поради зголемениот обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на земјава и состојбата на јужната и на северната граница.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека одлуката е значајна пред се поради околностите поврзани со глобалниот проблем со мигрантската криза која не стивнува и може да ескалира во секој момент.

„Армијата, заедно со МВР, ќе може да учествува во обезбедување на државната граница со Република Грција каде што како што знаете имавме сериозен прилив на мигранти во изминатиов период“, изјави Спасовски.

И додека нашата Влада стравува дека повторно ќе има бран на бегалци, Организацијата за соработка и економски развој (ОЦДЕ) во денешниот свој извештај тврди дека не треба да има страв од нов наплив на бегалци во Европа.

Според ОЦДЕ пикот на хуманитарната криза на бегалците е завршен а сега приоритет е нивната интеграција која е вистински предизвик за националните политики, вели ОЦДЕ во својот годишен извештај.

Огромниот бран бегалци од крајот на 2015 година е намален веќе една година. Од почетокот на 2017 година имало 72.000 мигранти од Африка кои стасале на европските морски брегови а тоа е 12 пати помалку отколку во втората половина на 2015 година, вели ОЦДЕ.

Сепак, сите тие лица имаат намера да останат во Европа подолг период и затоа сега е време за фокусирање на начинот на кој може да им се помогне на тие луѓе за да можат тие да бидат дел од работниот пазар во Европа.

Во 2016 година ОЦДЕ регистрирала 1.6 милиони барања за азил, слично како и во 2015 година а од нив 1.5 милиониго добиле тој статус, вели извештајот.

Германија е земјата која, четврта година по ред, добила најмногу барања – 675.000 а потоа следат САД со 260.000 барања, Италија со 120.000 барања и Франција и Турција со околу 80.000 барања за азил. Азилантите доаѓаат пред се од Сирија, Авганистан и Ирак.

бегалска криза Организацијата за соработка и економски развој ОЦДЕ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.