Директен пласман преку квалификациите обезбедија и Чешка, Португалија, Данска, Словачка, Полска (домаќин) и Шведска (бранител на титулата). Бараж ќе играат Шпанија, Австрија, Србија и Норвешка

 

Македонија е дел од европската репрезентативна елита за фудбалери до 21 година. Вечерва се промовираа осум репрезентации што преку квалификациите се пласираа на завршниот турнир догодина во Полска или вкупно 10 ако се земат предвид двете чие место е автоматски загарантирано (Полска како домаќин и Шведска како бранител на титулата).

Македонија како првопласирана од третата група обезбеди полска виза. Останатите седум селекции се Чешка (група 1), Италија (група 2), Португалија (група 4), Данска (група 5), Германија (група 7), Словачка (група и Англија (група 9).

Место на ЕП 2017 низ бараж ќе бркаат репрезентациите на Шпанија, Австрија, Србија и Норвешка.