Најниска темепартура утрово е измерена во Берово од минус два степена Целзиусови. Како што соопшти УХМР, следуваат Попова Шапка со минус еден степен, нула степени се измерени во Маврови Анови, во Крива Паланка, во Битола и во Крушево, еден во Лазарополе, два Струмица и во Куманово, три во Претор, во Штип, во Демир Капија, во Виница и во Гевгелија, четири во Прилеп и во Дојран, пет во Скопје-Петровец и во Тетово, шест во Охрид и седум степени во Скопје–Зајчев Рид.
Во текот на ноќта преовладуваше умерено облачно време. Утрово по одделни котлини има појава на магла и ниска облачност.
Времето претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степен.