Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската Амбасада во Софија: Нема информации за наш загинат државјанин во сообраќајката утрово

0
By Sashko on December 13, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: novinite.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија направи дополнителни проверки, но според досега добиените податоци, нема информации за сообраќајна несреќа во која учествувал камион со регистарски таблички на Северна Македонија, ниту за наш државјанин кој го загубил животот, информираат од МНР.

Претходно, дописникот на МИА од Софија јави дека возачот на камион кој утрово загина во сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“ во Бугарија, не е македонски државјанин.

Портпаролот на Окружното обвинителство во Стара Загора, Георги Видев за МИА изјави дека загинатиот возач е државјанин на Црна Гора, а камионот што го управувал бил со црногорски регистарски таблички.

Сообраќајната несреќа во која учествуваа два камиона се случи утрово околу 06:40 часот по бугарско време (05:40 по македонско време) на 161-от километар на автопатот „Тракија“ на коловозната лента во правец кон Софија, кај местото Оризово, во реонот на Стара Загора. До несреќата дошло кога едниот камион удрил во другиот, што стоел на крајната коловозна лента. При судирот дошло до излевање на гориво на автопатот од двата камиона, поради што сообраќајот се одвиваше само на една коловозна лента и се формираше колона возила во должина од околу пет километри.

Бугарскиот медиуми првично јавија дека во несреќата учествувале турски и бугарски камион и дека загинатиот бил возач на возилото со турски регистарски таблички. Телевизија 21, пак, повикувајќи се на првични неофицијални информации од бугарското Министерство за внатрешни работи, јави дека загинатиот бил возач на камион со македонски регистарски таблички.

амбасада Македонија сообраќајка Софија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.