Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали „Литургија на помирување“ ќе води кон автокефалност?

0
By Biljana on May 19, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 19, 2022 09:43

„Литургија на помирување“ меѓу Српската православна црква и Македонската православна црква се оддржува од изутрина во 9 часот во Соборниот храм „Свети Сава“ во српската престолнина Белград.

Патријархот на СПЦ Порфириј утрово ја пречека македонската црковна делегација предводена од архиепископот Стефан во близина на храмот на „Свети Сава“ во Врачар. Во делегацијата на МПЦ се архиепископот Стефан, митрополитите Петар, Тимотеј, епископот Климент, Архимандритот Нектариј од манастирот „Свети Наум“, архимандритот Агатон од манастирот „Свети Пантелејмон“.

Со оваа литургија, практично, се воспоставува „литургиско и канонско општење“. Во соопштението на СПЦ беше наведено дека македонската црква се враќа во положба на „најширока автономија“ каква што и беше определена во 1959 година. Се искажала и подготвеност за дијалог за македонското барање да се уреди и конечниот статус на МПЦ-ОА.

Владиката Тимотеј, синодски портпарол на МПЦ-ОА, вчера изјави дека се очекува до крајот на месецов Српската православна црква да го испрати предлогот за автокефален статус на МПЦ до Вселенската патријаршија, по што треба да биде издаден Томосот за автокефалност.

-Постојат 9-10 точки кои треба да ги исполни една православна црква за да биде предложена од својата матична црква од која се одделува. Во конкретниот случај од Српската православна црква. СПЦ потоа да ја извести Цариградската патријаршија и останати православни цркви и во согласност со сите останати, да се издаде Томос. Томосот треба да го потпишат цариградскиот и српскиот патријарх. Тоа се надеваме дека ќе биде до крајот на мај, рече владиката Тимотеј.

 

Македонија МПЦ Свети Сава СПЦ храм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.