Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската патна инфраструктура во 2019 година

0
By Нова ТВ on January 5, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: okrabota.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Податоците на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) покажуваат дека минатата година се завршени проекти во патната инфраструктура во должина од 505 километри со вкупна вредност од 237 милиони евра или. Сликата на терен во патната инфаструктура во минатата година ја обележаа пуштањето во употреба на автопатот Миладиновци – Штип и продолжување со изградба на автопатот Кичево – Охрид за кој беше обезбеден дополнителниот заем од 178 милиони евра. Потоа тендерските постапки за Скопје – Блаце, продолжувањето на градежните работи на четири експресни патишта, како и обновата на магистрални, регионални и локални патишта, модернизацијата на патарините со електронска наплата.

ЈПДП, кое е носител на патните инфраструктурни проекти, заклучно со 30 декември лани реализирало 84,67 проценти од планираните инвестиции во Годишната програма, односно 11.106.135.792 од планираните 13.116.800.00 денари. Реализацијата од сопствени средства е над 100 проценти и изнесува 3.069.549.777, додека од странски кредити биле вложени 10.212.300.000 денари, или 78,70 проценти.

Во делот од странски кредити влегува и изградбата на автопатот Кичево – Охрид каде што на терен се заокружени 64,2 проценти. Со дополнителното задолжување од 178 милиони евра од кинеската „Ексим банка“ треба да се интензивираат активностите на терен и да се работи на утврдените пропусти на автопатот што ги објави актуелната власт по преземањето на раководењето со институциите во ресорот транспорт. Вкупната вредност на овој проект изнесува 684,7 милиони долари.

Потребата за обезбедување дополнителни 179 милиони долари, според Владата, произлегува од непредвидени и дополнителни работи за тунелот „Пресека“, за широк ископ и санација на свлечишта, непредвидени и дополнителни работи за изградба на осум денивелирани патни јазли: клучки и еден алтернативен пат од Врбјани до патен јазол Арбиново.

Патната мрежа лани доби и 47 километри автопат. Израдбата траеше четири години и осум месеци, а ја спроведуваа две влади. Првичната вредност изнесуваше 226,7 милиони евра, но беше направена заштеда од 44 милиони евра и изградбата беше завршена со 177,3 милиони евра.

Делницата има седум клучки, кај Миладиновци, Средно Коњаре, Преот, Свети Николе – север, Свети Николе – југоисток, Кадрифаково и Три Чешми, како и пет големи вијадукти, еден голем мост на реката Пчиња, неколку помали моста, 13 натпатници, 35 потпатници, итн.

Граѓаните и бизнисот се во исчекување и на изградбата на автопатите Скопје – Блаце и Гостивар – Кичево. Минатата година беа спроведени два тендера за изградба на првиот дел од автопатот Скопје – Блаце. Првиот тендер беше поништен откако пристигна само една понуда што го надминуваше планираниот износ за оваа јавна набавка.

На повторениот тендер што заврши минатиот месец победи компанијата „Гранит“ и се очекува по истекот на рокот за жалби да се склучи договор. Очекувањата на Владата се работите на терен да стартуваат во првиот квартал годинава.

Повеќегодишно ветување за автопатско решение како од претходната така и од сегашната Влада е и автопатско решение од Гостивар до Кичево. Засега има само проектни активности за првата фаза од Кичево до Букојчани, што треба да заврши до јуни. За тој дел е обезбеден грант од ЕБРД во износ од околу 17 милиони евра, како и два милиони евра за проектирање на вториот дел од Букојчани до Горна Ѓоновица.

Минатата година во јули беше воведена електронска наплата на патарина на Коридорот 10 на наплатните станици Романовце, Отовица, Сопот и Градско, како и Петровец, на која локација пак беше ставен во функција и Оперативниот центар за мониторирање и безбедност на патиштата. За годинава се ветени активности за модернизација на патарините Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар на Коридорот 8 со заем од ЕБОР во износ од 13 милиони евра.

Со тој тендер е опфатена и изградба на две патарини на автопатот Миладиновци – Штип и една на автопатот Кичево – Охрид. Се очекува ЕБОР да ја одобри тендерската документација и да почне постапката, односно да има електронска објава од ЕБОР и Бирото за јавни набавки за меѓународни постапки.

Рокот за доставување понуди е 60 дена од денот на објавата. Се очекува во март годинава да се склучи договор со најповолен изведувач, по што за една година треба да се изградат три нови наплатни станици и да се изврши модернизација на постојните наплатни станици.

За годинава, според најавите, треба да има и нов тендер за делницата Фариш – Дреново, која е втора фаза од експресниот пат Градско – Прилеп. Раскинатиот договор со шпанскиот изведувач е предмет на арбитража, надзорот врши пресек на завршените работи од 35 проценти и треба да биде распишан нов тендер.

Првата фаза од Градско до Дреново проектирана на 15,5 километри е со 28 проценти реализација, додека за третиот дел од Ленишка Река до Прилеп во должина од осум километри до крајот на месецот треба да заврши проектирањето, а тендерот да се распише во март.

Експресниот пат Штип – Радовиш е со 77 проценти реализација на првата фаза од Штип до Бучим, а во текот на јануари треба да се склучи договор и за вториот дел од Три Чешми до Штип. Прогрес од 82 проценти има на првата фаза од Штип до Крупиште од експресниот пат Штип – Кочани, а од Крупиште до Кочани осум проценти.

Околу 20 проценти е прогресот на двете делници од експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. Тој дел од државата нема да добие автопатско решение, но ќе се проширува со уште една лента патот од Крива Паланка до Деве Баир, за што се обезбедени 12 милиони евра.

Во наредниот период ќе се реализира нов проект за рехабилитација, реконструкција и надградба на 450 километри локални патишта во 80 општини во земјава, за што е потпишан договор за заем од 70 милиони евра со Светска банка.

инфраструктура Македонија патишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.